Металург оди на победа против Мешков

Македонскиот ракометен првак Металург в сабота ќе се соочи со Мешков Брест, натпревар кој мора да се добие доколку за останување во игра за осминафиналето во Лигата на шампионите. На првата средба на овие две екипи Мешков Брест победи со 28:24.

На денешната прес конференција најдобриот стрелец сезонава во редовите на Металург, Филип Миркуловски најави борба за втората победа сезонава.

- Брест Мешков е последната шанса Металург да остане во игра за осминафиналето, секако со помош и на другите резултати. Но, без разлика на тоа составот Металург секогаш оди на победа. Имаме криза , ама работиме максимално. Се надевам дека во сабота ќе имаме и позитивна атмосфера и на трибините.

За тренерот Лино Червар тимот од Белорусија, неочекувано се наоѓа во лоша позиција за пласман во следната рунда.

- Мешков Брест загуби дома бод од Ла Риоха претходното коло, а беа на чекор до еден бод на домашен терен со Кил и со ПСЖ. Тие се добар состав, кој ќе дојде тука да победи. Верувам дека ќе имаме мотив за игра и очекувам поддршка од трибините. Убаво ќе биде ако можеме да победиме, рече Червар.

Двете екипи имаат одиграно осум меѓусебни натпревари во еврокуповите и СЕХА лига и имаат по четири победи, со тоа што Металург нема победа на трите натпревари оваа година.

Дуелот Металург – Мешков Брест од 8.коло во ЛШ се игра в сабота со почеток во 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...