Моите ракометари се бореа како лавови

Металург и Мешков Брест синоќа одиграа 27:27 во 8.коло од Лигата на шампионите. Овој резултат го оддалечи нашиот шампион од осминафиналето, но изданието на домашните ракометари доби комплименти од тренерот Лино Червар.
 
- Задоволен сум од моите играчи. Во најголемиот дел од натпреварот бркавме негатива и такво нешто треба да се издржи. Ја сакавме победата, моите ракометари се бореа како лавови и им честитам за тоа. Во еден дел од натпреварот одбраната не ни беше на потреното ниво, имавме грешки, но задоволен сум. Ѝ благодарам на публиката, горд сум на неа што дојде во вака голем број. И во оваа лоша ситуација момците најдоа мотиви и се бореа до крај, а натпреварот заврши како што заврши. Металург и понатаму ќе продолжи да се бори и се надевам дека ќе дојдат подобри денови за овој клуб, рече Червар на прес-конференцијата по натпреварот.
 
Левото крило на Металург Дејан Манасков жали за испуштената победа на неколку секунди пред крајот.
 
- Одигравме еден дуел во кој имавме многу падови и подеми. На крајот успеавме да се вратиме во водство. Нивниот последен удар не успеавме да го задржиме и примивме гол во последните секунди. Би сакал да се заблагодарам на публиката, која и во овие тешки моменти ни даде огромна поддршка, истакна Манасков.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...