Се кова тактиката за победа над Тунис

Привршува и финалното одбројување до стартот на 24 Светско првенство во ракомет. Македонската селекција е веќе во Доха, а до утре сите селекции ќе бидат присутни на местото каде што во следните три недели ќе се водат жестоки битки за светскиот трон, место на пиедесталот, но и место меѓу репрезентациите кои подоцна низ други квалификациите ќе се борат за место на олимпискиот турнир.

Македонија има добар тим, доста „згодна“ група и добра шанса да стигне до 1/4 финалето, по што се би се решавало во рамки на 60 минути.

ОДРАБОТЕНИ ПРВИТЕ ТРЕНИНЗИ

Македонскиот тим на првиот ден по пристигнувањето во Доха одработе два тренинга како дел од адаптацијата на климатската и временската промена.

Утрото со оглед на тоа дека стигнаа доцна ноќе и притоа загубија и два часа во временската разлика, беше само физички, кревање тегови и сл. Дури попладнето, во 18 часот според Доха, го одржаа првиот тренинг во сала, а од денеска времето на одржување на тренинзите ќе се поместува по еден час сè додека не се поклопи со времето на одигрување на првиот натпревар, а тоа е 15:00.

Првиот тренинг македонската репрезентација не го одржа во сала во која ќе се играат натпревари, туку во помошна сала. Така ќе биде и во текот на првенството со оглед на тоа дека Мундијалот ќе се игра само во три сали и постојано на програмата има натпревари.

Со самото пристигнување во Доха веќе амбиентот во тимот е поинаков, Мундијалот е прв и единствен на дневните „заповеди“ и мислите и фокусот веќе комплетно е насочен кон дуелот со Тунис.

БЕЗ НОВИ КОНТРОЛИ

Нема да има нови контролни натпревари за Македонија до петок. Неделата ќе биде искористена за тренинг и освежување. Постоеше можност да се одигра уште некој „лабав“ спаринг меч, но таа комбинација отпадна. Така е барем засега и не веруваме дека во тој поглед нешто ќе се смени. Македонија останува на четирите тест дуели одиграни во пресрет на мундијалот, што помалку повеќе е просек и на другите репрезентации.

СИТЕ ВО ИСТ ХОТЕЛ

Македонија е втората репрезентација која се смести во „Мериот Ренесанс“, пред нас услугите на хотелот со пет ѕвезди ги користеше уште и БиХ. Денеска доаѓа и Хрватска, а во следните два дена во истиот хотел ќе се сместат и преостанатите 21 репрезентација.

ТУНИС ПОДОБАР ОД РУСИЈА

Селекцијата на Тунис беше активна викендов и одигра два контролни натпревари со репрезентацијата на Русија. На првата средба Тунис победи со 34:31, а вториот натпревар заврши нерешено (24:24). Двата натпревари се играа во Тунис, а африканскиот тим и руската репрезентација во Доха треба да пристигнат ноќва.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...