Време е за историја

Генерацијата предводена од Кирил Лазаров е зрела за кулминација, а тоа значи најмалку четвртфинале и пласман во квалификациите за ЛОИ Рио 2015

Пустинската авантура за машката ракометна репрезентација на Македонија, наречена Светското првенство во Катар, официјално стартува денеска, додека репрезентативците и целата македонска спортска јавност одбројуваат нешто повеќе од 24 часа до првиот дуел на Мундијалот, оној со Тунис во рамките од групата Б.

На првенството кое по многу нешта ќе биде прво и историско и Македонија има токму таква цел-историја. Генерацијата предводена од Кирил Лазаров во последните неколку години стана сериозен играч на светската ракометна мапа и растеше и се надградуваше, а сега се чини дека е вистинскиот момент за кулминација, што значи најмалку четвртфинале и пласман во квалификациите за Олимписките игри во Рио следната година.

Стартот на подготовките за овој настап можеби не беа во најсјајно светло, по сите клупски проблеми во Металург, чии ракометари се основата на националниот тим. Но, Ивица Обвран и момците не бараа алиби во тоа, молчеа и работеа. Прв филтер беа пријателските со Израел, потоа следуваше оној вториот во Нант, каде се работеше на финалната глазура преку Алжир и Франција. Можеби некои не беа задоволни од изданието против Французите, но факт е дека не бркавме резултат во тој дуел, а и секако чувавме дел од тактиката и за противниците од групата.

БАЛКАНСКО ДРУШТВО

Нема да имаме нималку лесна задача. Со исклучок на Австријците, групата „Б“ и дефинитивно е балкан во маало. Хрватска, Македонија, БиХ, потоа Тунис и Иран со селектори од овие таканаречени екс-ју простори. Сите добро се познаваме, имаме иста цел, која несомнено ќе ги оправда сите средства кои ќе се искористат за да се дојде до победата.

Македонија, покрај Хрватска ја гледаат како фаворит во групата, но истовремено сите потенцираат дека ова е друштво во кое секој може да го победи секого и нема фаворити и аутсајдери. Нема потценување и преценување. Последниот збор ќе се каже на теренот.

СЕАД ХАСАНЕФЕНДИЌ (СЕЛЕКТОР НА ТУНИС)

„Првиот натпревар е многу важен. Екипата што ќе победи не само што ќе продолжи со два бода туку продолжува и со многу поголема самодоверба, со математика да добие полесен противник за следната фаза.

Македонија е сериозна екипа. Ракометари кои долго време играат заедно, можеби повозрасни, но секако знаат како се игра ракомет. Ние можеме да ја победиме Македонија.

Но, можеме и да загубиме. Имаме квалитетен состав што може да им парира на сите репрезентации во групата. Но, мораме да имаме и победничка низа. Можеме да потфрлиме, да загубиме од која било екипа во групата.

Јасно, примарната цел е да се пласираме во следната рунда. Но, важно е од која позиција ќе се стартува. И врз нас и верувам врз Македонија ќе има притисок за пласман во квалификациите за ОИ“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...