Фалангата ќе грми во Доха

Околу 200 нашинци кои живеат и работат во Катар, како и 100-тина навивачи кои заминаа од Македонија ќе бидат најгласните поддржувачи на ракометарите

Во следниве неполни три недели Доха е местото на кое треба да се биде, со оглед на тоа дека ракометот и Светското првенство во Катар се во фокусот на комплетниот спортски свет, па така и на македонскиот.

А, како и секогаш така и на ова големо натпреварување зад ракометарите стои фалангата.

Во Доха има околу 1.400 Македонци што живеат и работат таму. На нивната страница на „Фејсбук“ околу 200 активно се подготвуваат за претстојниот мундијал и ќе бидат едни од најгласните поддржувачи на трибините, секако заедно со оние што ќе допатуваат од Македонија. Досега 50-тина навивачи веќе се во Катар, а се очекува уште толку да пристигнат денеска, во пресрет на дуелот меѓу Македонија и Тунис. Уште вчера на свеченото отворање покажавме колку може да бидеме гласни, а со оглед на посетеноста на натпреварите (барем на оној вчера) се чини дека фалангата одново ќе биде хит.

ПОИНАКВИ УСЛОВИ

Атмосфера на едно европско или светско првенство за навивачите значи фан-зона, јадење и пиење на улица, што се вели од нога, како загревање за натпреварите, музика, навивачки песни и дружење со сонародниците од балканските простори. Но, според кажувањата на една Македонка во Катар, тоа функционира поинаку.

-Културата во Катар не дозволува да имаме атмосфера на каква што сме навикнати во наши услови. Има мундијалски амбиент, но тоа не е како во Србија и Хрватска, со фан-зони, пиење, јадење, музика... Тука сè е на едно културно, високо ниво. Има голем интерес, дури пола од билетите за сите натпревари се продадени, но еуфоријата не е каква што сме навикнати, раскажува Елена Арсова, Македонка која последнава година живее и работи во Доха.

Катарците веќе покажаа дека се решени да ги засенат сите досегашни организатори и да го понудат најдоброто, а тоа се гледа на секој чекор кога се движите низ Доха.

-Можам да кажам дека мундијалската еуфорија е изразена на еден поинаков начин. Медиумски фантастично е покриено. Има реклами и билборди на секој чекор, цели згради се покриени со билборди за првенството, покрај автопатите се поставени ракометни топки, знамиња со добредојде има на сите јазици на 24. репрезентации што се учесници на првенството.

Во најголемиот трговски центар во Доха - ’Сити центар’ е отворен фан-шоп, во стариот дел од градот е поставен огромен видеобим на кој во живо ќе се пренесуваат сите натпревари од СП“, додава Арсова.

Каде и да се македонските навивачи, дали во салите во Доха или пред малите екрани, едно е сигурно гласно ќе се навива за Кире, Борко, Мојсо и другите наши херои кои се борат за историја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...