Започнува битката за место во финалето

Со дуелите од полуфиналето , започнува разврската на Светското ракометно првенство во Катар.

Во првиот полуфинален меч кој ќе започне од 16 часот и 30 минути ќе играат Катар и Полска.

Во битката за финалето, домаќинот Катар ќе ја има поддршката од трибините, во обид да стане првата не европска репрезентација која успеала да обезбеди пласман во финалето. За остварување на целта Катарците ќе треба да ја минат Полска, која на овој шампионат потврди дека има одлична генерација, кој пак ќе се обиде да го достигне резултатот на генерацијата која во 2007 година го освои сребрениот медал, а потоа и евентуално да го надмине.

Втората полуфинална средба е во терминот од 19 часот, а истата со право го носи епитетот „финале пред финалето’’. Причината едноставна, бодејќи во него ќе играат актуелниот светски првак и бранител на трофејот од пред две години Шпанија, против актуелниот олимписки и европски шампион репрезентацијата на Франција.

„Црвената фурија„ ќе се обиде да ја продолжи низата од 10 победи на големите натпреварувања, која трае од 14 јануари 2014, кога Шпанија за последен пат беше поразена и тоа токму од Франција на Европскиот шампионат во Данска. Гледајќи ја традицијата, Шпанците се надеваат дека со евентуален пласман во финалето тие би го одбраниле шампионскиот трофеј. Имено, Шпанија досега двапати го има минато полуфиналето, а потоа и освоено светската шампионска круна.

„Триколорите„ со свои мотиви. Доколку Франција се пласира во своето шесто финале на Мундијалите, како и нивниот противник Шпанија, се надеваат на целосен успех, бидејќи во досегашните пет финални натпревари Французите имаа загубено само еден меч. Сепак, најголемиот мотив за Французите е обидот за обединување на титулите во трите најголеми натпреварувања. Доколку Франција, ја мине Шпанија во полуфиналето, а потоа успее да триумфира и во финалето, оваа земја ќе стане првата која успеала истовремено да биде, европски, светски и олимписки шампион.

Кој ќе биде епилогот и кои селекции за каков медал ќе се борат, останува да ги сочекаме исходите од полуфиналните натпревари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...