Франција ги обедини светската, олимписката и европската титула

Доха, 1 февруари 2015 (МИА) - Репрезентацијата на Франција е нов светски првак во ракомет, откако вечерва во финалето на 24.Мундијал во Катар ја совлада домашната селекција со 25:22.

По овој триумф „триколорите“ се актуелни освојувачи на трите највредни репрезентативни трофеи од Олимпијадата, Светското првенство и Европскиот шампионат.

Французите финалето го одиграа во висок ритам контролирајќи го резултатот во текот на целиот натпревар. Катар во неколку наврати пред крајот се доближуваше на само еден гол, но квалитетните и искусни француски репрезентативци не дозволија изненадување.

Составот предводен од Никола Карабатиќ кој постигна пет голови, на својата земја и ја донесе петтата титула светски шампион, по освоените првенства 1995, 2001, 2009 и 2011.

Следниот Мундијал по две години ќе се игра токму во земјата на новиот шампион.

Победата на Франција е битна и за Македонија, бидејќи по овој исход нашата репрезентација остана во игра за обезбедување место во квалификациите за Олимписките игри во Рио 2016.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...