Јунаците на мака се познаваат

„Главата горе, нема предавање... Мора да бидеме мирни и паметни, и да победиме ако сакаме да продолжиме да сонуваме за Ф4“ – потенцира Андреа Пенезиќ

Ако храброста се одредува според начинот на кој се соочуваме со околностите, тогаш вистинската големина и храброст македонскиот првак ЖРК Вардар треба да ја покаже вечерва, 19 часот, кога во СЦ „Јане Сандански“ ќе го пречека германски Лајпциг во 4. коло од главната фаза од Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ дами се во исклучително тешка позиција во групата еден, се наоѓаат на 5. место во т.н. „црвена зона“ и имаат само една опција – победа за да останат во игра за четвртфиналето, како и Ф4 турнирот во Будимпешта, кој е главниот императив во најсилното европско клупско натпреварување.

Првиот круг од главната фаза им нанесе сериозни удари на Вардаровите ракометарки, кои имаа десетина дена да се консолидираат и сега пред својата публика да презентираат едно поинакво светло.

„Факт е дека сме во лоша ситуација. Слабо одигравме во натпреварите на гостински терен по првиот круг од главната фаза и особено по Волгоград бевме незадоволни, самокритични...

Но, не се предаваме лесно. Главата горе и борбата продолжува. Анализиравме, работевме напорно и нашата позиција во моментов е јасна, мора да се добијат трите натпревари кои претстојат ако сакаме да продолжиме да сонуваме за Ф4“ – децидна е Андреа Пенезиќ, бекот на Вардар.

ОПУШТЕНО И ПАМЕТНО

Со оглед дека немаат друг избор освен трите бода да останат во Скопје, „вардарки“ секако дека со притисок ќе истрчаат на теренот вечерва, но левиот бек бара од соиграчките да играат опуштено и паметно.

„Знаеме колку ни е важен мечот, но не смееме со такво преоптоварување да влеземе во натпреварот и да добиеме спротивен ефект. Мора да бидеме опуштени и паметни. Време е сето она што го работиме на тренинзите да го пресликаме и на теренот за време на натпреварите. Потребна ќе ни биде одлична одбрана, агресивна, цврста, што ќе ни овозможи да нападнеме со контра и полу-контра. Што се однесува до нападот, тој мора да биде мирен, концентриран, со минимум технички грешки. Да останеме мирни и паметни, за да може на крајот да славиме.

Во Лајпциг ’заглавивме’ во нивната 5-1 одбрана, Шулке имаше сјаен ден, но сега, на наш терен, приказната мора да има поинаков крај“ – истакнува најдобриот стрелец на „вардарки“ во ЛШ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...