ЖРК Вардар чекор поблиску до четвртфиналето во Лигата на шампионките

Ракометарките на ЖРК Вардар со победата над германскиот тим Лајпциг, направија чекор поблиску кон четвртфиналето во Лигата на шампионките.

На средбата од 4.коло во групата „1“ одигран вечерва во СЦ „Јане Сандански’’ избраничките на Индира Кастратовиќ, го совладаа тимот на Лајпциг со 26:20.

Првото полувреме мина во рамноправна игра во која двете екипи имаа свој период на добра игра. Сепак гостинскиот чувар на мрежата Катја Шулке со осум одбрани ја одржуваше екипата на Лајпциг во игра, не дозволувајќи им на нашите шампионки да остварат посериозна гол предност, па на паузата се замина со минимално водство на вардарки од 10:9

Во вториот дел на сцена стапи Ина Суслона која со вкупно 17 одбрани, беше една од најзаслужните за триумфот на вардарки, во кој Ања Алтхаус беше најефикасна со 6 голови, додека Алена Икхнева и Јулија Николиќ придодадоа по 5.

Во оваа група утре се играат натпреварите, Турингер - Крим Меркатор и Будуќност - Динамо Волгоград.

Табела: Будуќност 13 бодови, Динамо Волгоград 10, ЖРК Вардар 7, Турингер 6, Лајпциг 6 и Крим Меркатор 2.

Во групата „2“ денеска се одигра средбата Ларвик – Ѓер во која домашната екипа славеше победа со 22:19, а утре се среќаваат, Мец – Виборг и Баја Маре – Савенхоф.


Табела: Ларвик 16 бодови, Ѓер 12, Виборг 5, Мец 4, Баја Маре 4 и Савенхоф 3.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...