Шпанско надмудрување во Плоцк

„Двајца врвни шпански тренери, кои многу добро се познаваат. Две екипи кои имаат шпански стил на игра, па така ќе гледаме многу трчање на теренот. А, кој ќе биде побрз во таа ’трка’, тој и ќе победи“ – коментира пикерот Алем Тоскиќ

Претпладнево со чартер лет ракометарите на Вардар заминуваат за Полска, од каде почнува клучниот период за иднината на македонскиот вицепрвак во Лигата на шампионите. Сè што досега сработија избраниците на Раул Гонзалез треба да ја добие главната потврда во осминафиналето, што е и првата елиминациска фаза во најсилното европско клупско натпреварување.



Првата пресметка со Висла Плоцк во Топ 16 е закажана за в сабота во „Орлен“ арената, а вардарци заминуваат со мисла дека од првото полувреме во осминафиналето треба да се вратат со активен резултат, кој ќе биде само најава за реваншот во Скопје.

Првпат во ЛШ Вардар ќе игра против полски тим, кој е особено незгоден на свој терен, а тоа го почувствуваа сезонава и Барселона и Флензбург, но уште поинтересен момент, ќе биде да се види како преку своите играчи, силите ќе ги мерат двајца од седумте шпански стратези, колку што ги има во осминафиналето, Раул Гонзалез, кај Вардар, односно актуелниот селектор на Шпанија и тренер на Висла П., Маноло Каденас.



„Дефинитивно ќе бидеме сведоци на едно големо тактичко надмудрување. Двајца врвни тренери, кои совршено добро се познаваат меѓу себе. Несомнено е дека двата тима имаат шпански стил на игра, па така ќе гледаме многу трчање на теренот. Мислам дека во тој сегмент ние сме во предност бидејќи сме пониски, и кој ќе биде побрз во таа ’трка’ на теренот, тој и ќе победи“ - коментира пикерот на Вардар, Алем Тоскиќ и додава: „Висла има одбранбена линија со високи играчи и поради тоа ќе мора да се бара ширина во нападот за да се надигра корпулентната дефанзива. Ќе биде тешко, ќе имаме голем притисок како на теренот бидејќи Висла игра одличен ракомет, агресивен, цврст, така и од трибините, од нивните поддржувачи. Сепак останува да доработиме на некои детали во играта и најдобро што може на теренот да ја пренесеме тактичката замисла на Раул, која се надевам дека ќе биде победничка“.

Покрај Алем Тоскиќ, кој по проблемите со грбот и вирозата, се враќа комплетно подготвен за Висла Плоцк, Раул Гонзалез на располагање ќе го има и Матјаж Брумен, иако е неизвесно колку тој може да ѝ помогне на екипата, со оглед дека сè уште има проблеми со десното рамо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...