Многуте грешки не чинеа висок пораз

Плок, 15 март 2015 (МИА) - Тренерот на Вардар, Раул Гонзалез на прес конференцијата по натпреварот со Висла потенцираше дека главната причина за високиот пораз се многуте грешки што ги направија неговите играчи.

- Честитки за Маноло добро го подготвил натпреварот. Ние во првите 15 минути игравме одлично, но потоа имавме проблеми со високата одбрана на Висла. Направивме многу грешки во нападот и тоа нѐ чинеше пораз, изјави Гонзалез.

Шпанскиот репрезентативец во дресот на Вардар, Алекс Душебаев, постигна 10 гола, одигрувајќи еден од најдобрите натпревари откако е меѓу „црвено-црните“. Тој го постигна и последниот гол, со звукот на сирената намалувајќи го резултатот на минус шест гола.

- Висла играше подобро од нас и тоа го покажува разликата од шест гола. Во првото полувеме ние не игравме лошо, но во второто полувреме противникот беше многу поквалитетен. Беше одлична во сите елементи и во одбрана и во нападот, голманите им беа расположени, а беа и ефикасни во контранапад. Ова е навистина голема разлика, меѓутоа ќе се подготвиме одлично за да бидеме подобри следната недела, кога е реваншот во Скопје, изјави Душебаев.

Првиот натпревар од осминафиналната пресметка во ракометната Лига на шампиони меѓу Висла и Вардар синоќа во Плок заврши со победа на полскиот претставник со резултат 32:26. Реваншот е идната сабота во Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...