ГОНЗАЛЕЗ: „Имаме 60 минути за сè“

„Бркаме негатива од шест гола, Висла треба да се држи под 26 погодоци, потребна е висока победа...но ако мислиме на сите страни во исто време, тогаш може да се загубиме. Затоа фокусот е на победа, со трпелива и константна игра имаме 60 минути да покажеме колку вредиме и можеме“ – дециден е Гонзалез

Македонската ракометна сцена е во исчекување на саботниот меч, осминафиналниот реванш меѓу Вардар и Висла Плоцк, и наголемо се коментира, прогнозира, организира... Така функционира надворешноста, додека внатре во екипата, еуфорија нема. Смиреноста и кул ефектот кој Раул Гонзалез, тренерот на Вардар, го има и кога победува и кога губи се чини дека им го пренесе и на играчите, кои мирно се подготвуваат за второто полувреме со Висла, она во СЦ „Јане Сандански“. Се анализираат случувањата од првиот меч, тимот е самокритичен, се бараат решенија и се прави тактика како да падне полскиот вицепрвак во Скопје. Иако многу прашања особено за изданието во второто полувреме од првиот меч во Плоцк ќе останат неодговорени, шефот на стручниот штаб е сигурен дека неговите ракометари ќе се вратат на вистински начин.


„Не можам да си објаснам што се случи на првиот меч. Имавме добар старт, концентрирана игра, функционираше и одбраната и нападот, и одеднаш не знам зошто се случи она што се случи во второто полувреме. Катастрофа! Премногу технички грешки, никаква игра. Не можам да објаснам или да посочам виновник, како да ја загубивме играта“ – коментира Раул Гонзалез за она што се случуваше во Плоцк и додава: „Знаеме дека не одигравме како што треба во Плоцк, но факт е дека никој не може да заборави да игра ракомет за седум дена. Потребно е само да се мисли позитивно, да се заборави првиот меч и да се покаже вистинското лице на Вардар“.

ТРПЕНИЕТО И КОНСТАНТНОСТ

„Црвено-црните“ момци во Скопје ќе имаат 60 минути за да го поправат впечатокот, но истовремено ќе играат за спас на сезоната, со оглед на тоа дека саботниот дуел им е единствена шанса да останат во игра во Лигата на шампионите.

„Истата игра е целата сезона, не може да се направи некоја драстична промена, особено за една седмица, па затоа играчите мора да сфатат дека трпението ќе биде најважно. Мора да ја вратиме играта што ја имавме во групната фаза, онаа со Монпеље, РНЛ, како и со Веспрем во последниот меч од СЕХА.

Ние ќе бркаме негатива од шест гола, но таа не може да се надомести за пет минути, имаме цел меч за тоа. Затоа мора да отвориме како во Плоцк, мирно, концентрирано и мора да бидеме константни. Осминафинален натпревар не се добива со добра игра само 15 минути или само едно полувреме, не, мора да бидеме на исто, високо ниво од прва до последна минута.

Ситуацијата во која сме ние е реалност и тоа ми е јасно и на мене како тренер и на момците кои се професионалци, но сега е најважно да покажеме колку вредиме и да го износиме овој меч како што треба“ – заклучува Вардаровиот стратег.



МОМЕНТ НА ОДЛУКА

Вардар пред својата публика нема само да брка негатива од шест гола, туку ќе треба и да ја задржи Висла Плоцк под 26 погодоци за да може да се надева во пласман во четвртфиналето. Тој товар, како и фактот дека целата ракометна јавност ќе очекува опстанок во најквалитетното европско клупско натпреварување, носат дополнителен притисок за вардарци.

„Притисок, нервоза – нормално е тоа да го има во една ситуација кога играме за сè, за целата сезона. Мечот со Висла в сабота е момент на одлука, играчите го знаат тоа, стручниот штаб исто така, како и ракометната јавност.

Да, факт е дека треба да мислиме и на победа од седум гола, дека Висла треба да се држи под 26 погодоци, но ако мислиме на сите страни во исто време, тогаш може да се загубиме. Затоа потенцирам дека фокусот мора да биде на победа, и трпеливо и со игра како тим ќе имаме 60 минути за сè“ – дециден е Гонзалез.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...