Среќниот број е 7 за „црвено-црните“

Победата од седум гола разлика е единственото важно за вардарци. Во спротивно ќе мора да се мисли како да се задржи противникот на под 26 гола

Непосредно пред првиот натпревар од осминафиналната фаза во Лигата на шампионите против Висла Плоцк, чуварот на мрежата на Вардар, Арпад Штербик, јасно даде до знаење дека единствената формула за да се совлада полскиот вицепрвак е да се држи под 24 погодоци. Но, полесно беше да се каже отколку да се направи во „Орлен“ арената, особено ако се земе предвид бледото издание во второто полувреме од првата средба. Сега токму оваа констатација на Штербик ќе биде водечка во решаншот в сабота, каде вардарци се во тешка ситуација, која истовремено бара победа од седум гола разлика и да се задржи Висла под 26 погодоци (колку што и Вардар постигна на гостински терен).



ПРВПАТ ВИСЛА ВО ПРЕДНОСТ

Интересно е што ако се погледне статистика на трите настапи во најквалитетното европско клупско натпреварување во кои полскиот тим обезбедил пласман во Топ 16 фазата, тој никогаш досега не се нашол во ваква позиција, да има резултатска предност.

Ланската сезона во осминафиналето се соочи со Веспрем, каде на домашен терен го совлада со 34:33, но затоа во реваншот на гостински терен загуби со 26:31, што го промовираше унгарскиот тим во четвртфинален патник.

Претходно, во изданието 2011/2012 во Топ 16 за противник го имаше тогашниот освојувач на Лигата на шампионите, Кил, од кого во „Орлен“ арената загуби со 24:26, додека во вториот меч претрпе пораз од 27:24.

ПОД 30 ЗНАЧИ ПОРАЗ

Поткрепа за констатацијата на Штербик дава и статистиката од настапите на Висла Плоцк во претходните сезони, како и групната фаза од годинешното издание во ЛШ. Во групата Полјаците пред својата публика единствено потклекнаа пред КИФ Колдинг и тоа со минимален пораз од еден разлика, додека епитетот „тивок убиец“ на фаворитите го добија откако славеа и над Барселона и над актуелниот првак Флензург. Но, ниту еден од нив не успеа да ги совлада со висока разлика. Најубедлив триумф досега е оној над Бешикташ во отворањето од групната фаза, кога го совладаа противникот со девет гола разлика.

Што се однесува до натпреварите одиграни на гостински терен, сите потврдуваат еден момент, дека доколку Висла даде помалку од 30 гола, таа претрпува пораз, иако секако постојат и исклучоци, како што е гостувањето кај Алингсас, кога полскиот вицешампион славеше со 23:22. Највисок пораз, пак, кој Висла го претрпела на гостински терен е оној кај Флензбург, седум погодоци разлика (35:28), што дава надеж дека саботната мисија на вардарци и нема да биде невозможна.

„СЕДУМКАТА“ Е ДОСТИЖНА

И лани и сезонава Вардар покажа дека на домашен терен може убедливо да ги совладува противниците. И тоа токму кога против себе има, на име неатрактивен конкурент, но на теренот и тоа како опасен. Екипа која со двоцифрена разлика, 11 гола, загубила во Скопје е Чеховски медведи (39:28) на промоцијата на СЦ „Јане Сандански“ лани во октомври. Ланската сезона, во групната фаза Динамо Минск во Скопје беше совладан со 8 гола (30:22), додека Вакер Тун загуби со еден помалку 32:25.



ВИСЛА ВЕЌЕ ПАДНАЛА ВО СКОПЈЕ

Висла Плоцк по вторпат во елитата ќе гостува во Скопје, откако претходно во сезоната 2011/2012 се соочи со Металург во групната фаза од ЛШ. Но, сеќавањата од македонската престолнина не се позитивни со оглед на тоа дека „металурзите“ славеа со 31:27, а истото се случи и во Полска, 24:20.

Уште еден податок кој оди во прилог на „црвено-црниот“ табор е дека противникот по третпат е во осминафиналето, но никогаш досега не успеал да ја помине оваа фаза. За разлика од неа Вардар успешно го помина ланското деби во Топ 16, а сега има тешка, но не и невозможна задача одново да се најде меѓу најдобрите осум во Европа.

Сепак треба да биде јасно дека „црвено-црниот“ табор не може да се потпре на статистиката доколку не одигра како што треба. Според тоа каква ќе биде играта и како ќе влезе екипата во мечот, ќе се знае дали ќе може да се потпреме на податоците кои досега ги даваат настапите на двата тима во Лигата на шампионите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...