Најдобри автомобили по класи

Конечно сте се одлучиле да купите нов автомобил, но радоста за подновување може да стане вистински кошмар, затоа што освен вашите потреби, секогаш треба да ги имате предвид и потребите на вашето семејство или пак на компанијата. За да не се најдете во ваква ситуација ви претставуваме кои се најдобрите автомобили во најпопуларните класи. Вам ви останува да си ја измерите длабочината на џебот и да го изберете најсоодветниот автомобил за вас.

Mini Cooper  Ако се прашувате зошто го одбравме токму овој модел, одговорот е едноставен, Се водевме од цената, квалитетот, капацитетот, пространоста, безбедноста но и гарантниот рок кој го има ова возило. Бензинците на овој модел се најпопуларни кај купувачите. Сметаме дека секој од нас би требало да располага со возило кое дава барем 10 KS на 100 килограми маса, кое ќе поседува ABS- и клима уред.

Одлично мало градско возило

Seat Ibiza – новиот шпански градски компакт е втор модел од VAG концернот, после Škoda Fabia, кој ја искористи PQ25 платформата Volkswagen наменета за идната генерација на VW Polo. Предност на новата платформа се зголемените димензии и пространоста, како и помалата маса, како и значително подобрените возни карактеристики и управувањето.

Mini Cooper – популарниот Mini дефинитивно е најголемиот и најскапиот шминкер во класата. Зад ретро дизајнот се кријат најдобрите возни капацитети во класата, пред се би ја истакнале одличната суспензија, 1,6 литарскиот бензински мотор, создаден во соработка со BMW и Peugeot. Mini исто така и најдобро котира меѓу сите мали градски возила.

Компакти

Ford Focus – веќе со години го држи епитетот најдобар автомобил и тоа од повеќе причини Компактот од Форд е достапен, простран, ги има најдобрите возни карактеристики во класата (има одлична суспензија, одличен рачен менувач, кочници и управувач. Единствен недостаток, ако се спореди со првата генерација, е тоа што има конзервативен дизајн на кој не му помогна ниту неодамнешниот face-lifting.

BMW серија 1 – на некои, особено на љубителите на спортски автомобили, ќе им биде доволна информацијата дека станува збор за единствениот автомобил од оваа класа со погон сместен во задниот дел на возилото. Не постои автомобил во оваа класа кој нуди поголемо задоволство при возење и кој има подобри перформанси.

Лимузини од средна класа

Škoda Octavia – иако можеби некој ќе каже дека овој автомобил спаѓа во пониската класа и дека Škoda во оваа класа го има Superba, сепак овој модел има супер димензии, а ги задоволува и останатите критериуми. Octavia ги задоволува сите услови. Чешката лимузина нуди идеален компромис меѓу квалитет, дизајн, пространост и возни карактеристики. Таа во ниту еден од овие критериуми не е најдобра, но ниту еден во класата не нуди подобар спој на сите наведени ставки за пониска цена.

Audi A4 –лимузина од средната класа изгледа поатрактивно од кога и да е, речиси подеднакво добро како coupe A5, а благодарение на новата помодерна платформа, A4 профитираше и во поглед на возните карактеристики, поради кои досега беше ставан зад лутите ривали BMW серија 3 и Mercedes C-класа. Германците го зголемија и квалитетот, па така A4 од внатре изгледа и делува како значително поскапиот и поголемиот A6.

Моноволуменски

Opel Zafira – моноволуменот од Russelsheim всушност ја дефинира оваа класа на автомобили, а и денеска, со последната инкарнација, моноволумен за седуммина. Ако се одлучите за овој модел нема да згрешите. Zafira изгледа доволно добро, не се вози како комби, туку како обичен автомобил. Нуди феноменален и пред се наједноставен концепт за распоред на седишта, односно слободен простор. Што би можеле да посакале од еден моноволумен? Да изгледа подобро и да вози подобро?

Ford S-Max – ако барате одговор на горното прашање, тогаш S-Max дефинитивно е најатрактивниот MPV на пазарот, со најдобри возни карактеристики, S-Max исто така е носител на наградата за европски автомобил за 2007. година. Сепак му недостига идеално слободниот простор на Zafira, а и багажот му е нешто помал. Но, сепак рековме дека не постои совршен автомобил



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Зборуваат две плавуши по телефон.
- Добар ден, дали е тоа телефонскиот број два, два, шест, еден, два, седум!
- Не, ова е двеста дваесет и шест, сто дваесет и седум!
- Упс,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
12 мај 2013 (МИА)
- Денеска е Светски ден на медицинските сестри....
1707.- Роден е Карл фон Лине, шведски...
1842.- Во Сент Етјен е роден Жил Масне,...
1845.- Во Бон умре Август Вилхелм Шлегел,...