сабота, 04.07.2009

  IDIVIDI Мени
download
Стил / (Wo) man

Првата книга на Букарски достапна бесплатно преку интернет

Писателот Алекс Букарски ја објави својата прва книга, „Луѓе на кои не им се отвора падобранот“, бесплатно на интернет во дигитална форма (пдф) под лиценца Криејтив комонс.

Со овој чин, овој автор популарен кај урбаната младина сака да ги охрабри сите уметници без разлика на возраст или уметничка дисциплина, да „даруваат“ свои дела под Криејтив комонс, за сајбер-просторот да стане вистинска алтернатива за развој на современата македонска култура.

„Ова е мој колку благороден толку и протестен потег. Благороден затоа што мојот уметнички труд го правам достапен бесплатно за пошироката јавност. Протестен, против неподносливите услови кои ги наметнува издаваштвото во Македонија - од односот спрема младите автори, од огромни фалинки во промоцијата и дистрибуцијата,“ изјави Букарски. Тој со објавувањето на книгата на интернет го покренува и прашањето зошто „угледни издавачки куќи од 21 век“ дистрибуираат книги само во Скопје, занемарувајќи ги останатите градови во земјата, ниту пак овозможуваат купување преку картичка од нивните веб-сајтови.

„Луѓе на кои не им се отвора падобранот“ го освои првото место на конкурсот за најдобра дебитантска проза „Новите!“, организиран од издавачката куќа Темплум. Хартиената верзија на книгата објавена во декември 2006 г. е сеуште во продажба, иако тиражот на првото издание е при крај.

Системот за заштита на авторски права Криејтив комонс овозможува рамка за објавување на дела на интернет за автори кои сакаат да споделат дигитални верзии. Со користење на лиценците тие јасно ставаат на знаење под кои услови може да се користи дадено дело - на пример, само во некомерцијални цели. Во случаи на прекршување на условите одбрани од авторите, тие имаат право да ги применат сите законски мерки за заштита од пиратерија или плагијати.

Низа светски имиња го Користат криејтив комонс за споделување и промоција на своите дела, од писатели како Кори Доктороу, филмски автори како Вајли Вигинс, до музички ѕвезди како „Перл џем“, „Бисти бојз“ и Дејвид Брн.

Со Националната стратегија за развој на информатичко општество од 2005 беше утврдено дека хроничниот недостаток на содржини на локалните јазици на интернет е еден од главните фактори кои го попречуваат развојот на оваа технологија во Македонија.


Наjновo од Стил
Што не поминува кај менаџерите?
Alfa Romeo Viper пристига во Европа?
Отворена врска-вистина или лага?
Гламурозни XL прстени
Викторија и Дејвид мрсни во кревет
Годишна листа на најквалитетни автомобили
Секс поза за ултимативно задоволство
Женскиот нос чувствителен на мирис
Twiggy повторно се активира
Со пливање до подобар секс
Што задникот зборува за вас? фото галерија
Кира Најтли разголена за Chanel  фото галерија
Aston Martin подготвува мал градски автомобил!
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи