Високите потпетици и за бебиња?!

Високите потпетици се последниот моден додаток на модните жртви кои сакаат нивните деца да бидат трендовски облечени.

Малите дизајнерски чевли се достапни во повеќе бои и дезени, почнувајќи од светло розова па се до тигреста.

Високи потпетици, кои се дело на американската компанија „Heelarious“ се наменети за девојчињата кои веќе навршиле шест месеци.

„Смешните високи потпетици се забавни, смешни, но воедно и гламурозни. Тие се одличен моден додаток за вашата ќерка. Многу мајки сметаат дека се опасни, но откако ќе ги видат и пробаат, сфаќаат дека се меки и удобни“, велат од „Heelarious“, истакнувајќи дека не им создаваат проблеми на бебешките нозе бидејќи се изработени од мек и нежен материјал.

Сепак бебешките високи потпетици создадоа полемики во модниот свет.

„Повеќето родители сметаат дека високите потпетици се несоодветни за нивното дете, пред се поради фактот што се изработени од материјал од кој се прават чевлите за возрасни“, смета Илејн Грифитс, уредничка на магазинот „Prima Baby“.

„Иако девојчињата уште од најмала возраст ги облекуваат високите потпетици на своите мајки, сепак невкусно е да носат штикли пред да научат нормално да одат. Веројатно повеќето родители би сакале нивните ќеркички да бидат слатки и невини додека можат, наместо да ги облекуваат како возрасни уште од првите месеци на нивниот живот. Сметам дека ќе има доволно време за високи потпетици кога ќе станат адолесценти“, смета Ерика Дејвис, уредник на моден магазин за возрасни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
П: Како жените ги споредуваат машките пениси?
О: Голем, поголем, таман.
П: Како мажите ги споредуваат своите пениси?
О: Мал, помал, ист како мојот.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
330.- Константинопол (сегашен Истанбул) стана...
1896.- Во Чаковец е роден Јосип Славенски,...
1904.- Во Фигерас е роден е Салвадор Дали,...
1916.- Умре Макс Регер, германски композитор на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби