Просечните манекенки мора да имаат висина од минимални 175 см. Сепак, кога станува збор за обичните жени, оваа височина повеќе е исклучок отколку правило. Ниските девојки, односно оние кои се високи одвај 160 см, понекогаш имаат проблем во изборот на вистинско парче облека. Лошиот избор на облека може уште повеќе да ја нагласи малата височина. Затоа при изборот на тренди облека треба да се посвети големо внимание на тоа што се избира, бидејќи колку и да звучи сурово, некои модели едноставно се направени за високи и долгоноги девојки.

Идеална облека за ниски жени
-тесни панталони кои ја следат линијата на телото или панталони со пониска половина, но не премногу за да не добиете спротивен ефект.
-кратки јакни, ако имате мали гради
-чизми на висока потпетица, идеална комбинација со кратко здолниште
-кратки фустани
-потпетици чија минимална височина е 5 см
-по можност горниот и долниот дел од облеката да се во и иста боја или пак во слична нијанса
-ременот да биде во слична или иста боја како и другата облека
-мали и ситни модни детали

Што требате да избегнувате?
-ултра широки панталони
-бермуди
-чевли на платформа
-чизми над колена
-чевли кои оптички ги скратуваат нозете како сандали со ремени околу зглобот.

Како оптички да ја зголемите височината?
-фустани со должина до под колената
-тенки и долги шалови кои паѓаат на вашите рамена
-нагласете ги градите или рамената
-подигнете ја косата во репче или носете лента за коса