Колку партнерите повеќе се допираат на несексуален начин, толку нивната желба за допири е поголема, комуникацијата поотворенa, а односот исполнет со задоволство и стабилност.

Честите галења и „случајни“ допири се позначаен показател за стабилноста на односот, отколку податоците колку двојката често води љубов, откри студијата н Кинсли институтот во САД. Исто така честопати се даваат погрешни тврдења дека на мажите не им е важно галењето затоа што се повеќе насочени кон сексот, објаснија истражувачите.
Галењето дава чувство на блискост и удобност, а тоа е клучот за среќна врска. Предноста на несексуалната интимност е поврзување на разни комуникации и пријателства, што еднакво е важно и за мажите и за жените, смета брачната терапевтка Паула Хол.

Терапевтката вели дека хормонот окситоцин, кој често се нарекува хормон на среќа се произведува под влијание на нежности и удобноста од галењето. Научно е докажано колку почесто се галиме со партнерот, толку поголема е желбата за меѓусебно допирање.