Кажете збогум на BMW серијата 2 Coupe и поздравете ја новата BMW серија 2. Нема да ви замериме ако, откако ќе ги погледнете фотографиите кои протекоа на интернет, заборавивте дека серијата 1 воопшто и постои, или пак било кој друг BMW кој што веќе сме го виделе и го знаеме.

Засега не располагаме со технички детали, туку исклучиво со фотографии, но по она што се пишува на интернет, баварското купе ќе тежи околу 1.450 килограми со совршен распоред на масата од 50:50.

Наводно најсилната изведба M235i со трилитрено турбо-полнење и 322 KS треба да спринта до 100 km/h за пет секунди.

Останува да почекаме и да видиме на крај што ќе излезе.

