Совети за складирање овошје и зеленчук за да ја задржат свежината

Многумина кога купуваат овошје и зеленчук, ги ставаат сите во фрижидерот, за подоцна да се чудат зошто поголемиот дел за неколку дена почнале да омекнуваат, гнијат или се збрчкуваат.

Најчесто, причината за тоа е нивното складирање – овошјето и зеленчукот не се „трпат“ заедно во иста преграда од фрижидерот, па затоа треба да се избегнува нивното комбинирање.

Причината за ова е што многу овошја создаваат етиленски гас кој го забрзува зреењето на зеленчукот и неговото расипување.

На зеленчукот, пак, му е потребно да дише – затоа направете мали дупчиња во пластичните кеси во кои ги складирате или чувајте ги во мрежасти вреќички.

Исто така, продуктите не ги мијте пред да ги користите. Доколку тоа го сторите пред да ги складирате ќе го забрзате нивното расипување, бидејќи влагата го поттикнува растењето на бактериите.

1) Лук

Лукот се складира на собна температура на отворено, за да се овозможи циркулација на воздух. Не го лупете пред да го користите (или јадете), а може да се складира и заедно со кромидот.

2) Кромид

Најдобра варијанта за чување на кромид е да го ставите во хулахопка (по неколку во секоја ногавица), врзувајќи чвор помеѓу секој, и истата да ја обесите во шпајз или на темно место на собна температура.

Кромидот може да се чува и како лукот (на отворено), но не го чувајте блиску до компири или во фрижидер, бидејќи така тој ќе омекне.

3) Компири

Компирите се чуваат на темно и студено место, но не во фрижидерот, бидејќи влажниот воздух предизвикува скробот во нив да се претвори во шеќери, што влијае на нивниот вкус и текстура.

Тие треба да се складираат во хартиена кеса, по можност во шпајз. Не смее да се чува блиску до кромид или овошје како јаболките кои испуштаат етиленски гас.

4) Моркови

Прво, зелените врвови треба да се отстранат бидејќи ја одземаат влагата и предизвикуваат морковите да омекнат многу бргу. Неизлупените моркови може да се чуваат во фрижидер во отворена кеса околу 2 недели пред да почнат да се расипуваат.

5) Краставици



Температури под 10 степени го забрзуваат расипувањето на краставиците, а доколку веќе ги чувате во фрижидер, оставете ги внатре најмногу 3 дена. Тие се исто така чувствителни на етиленскиот гас, па така не треба да се ставаат до банани, домати и диња.

6) Домати

Многумина препорачуваат доматите да се чуваат свртени со дршката надолу, што спречува собирање на влага околу неа што ги расипува доматите.

Во однос на нивното чување во фрижидер, доколку се целосно созреани неколку дена во него нема да им го уништат вкусот и ќе им го продолжат траењето. Доколку не се созреани, чувајте ги на отворено додека не созреат и потоа складирајте ги со дршката надолу во фрижидерот.

7) Банани



За да траат најдолго, отстранете ги од купчето и секоја обвиткајте ја со пластична обвивка – тоа ќе ги редуцира емисиите на етиленскиот гас, и тие нема да потемнуваат брзо.

Откога ќе созреат, можат да се чуваат во фрижидер, бидејќи ниската температура ќе го спречи понатамошното зреење/поцрнување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Оди човек по улица кога поминува кола и му ја прегазува едната нога. Човеков се витка од болка и му се дере на возачот:
- Ах, мајката твоја, за ова ќе ми платиш пола милион...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на извидничкото движење
1512.- Во Севилја, Шпанија, умре Америго...
1732.- Роден е Џорџ Вашингтон, прв претседател...
1788.- Во Данцинг е роден Артур Шопенхауер,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби