Dave’s Kitchen: Колач со чоколадна глазура и малини

Овој рецепт освен што изгледа убаво, е и мошне вкусен. Лесно се приготвува и гарантирано ќе измами насмевка на лицата на вашите сакани.



Потребни состојки:

*Филџанот е од 150мл.

  • 3 јајца
  • 2 филџани шеќер
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 2 филџани масло за јадење
  • 3 филџани млеко
  • кора од 1 лимон (или портокал)
  • 5 филџани брашно
  • 1 пакетче прашок за печиво
  • Прстофат сол

За глазурата:

  • 150 гр. квалитетна чоколада со минимум 70% какао делови
  • 4 лажици млеко
  • Малини за сервирање

Начин на подготовка:

Во сад скршете ги јајцата и матете ги заедно со шеќерот и ванилиниот шеќер додека смесата не го зголеми својот волумен тројно. Потоа матејќи додајте го маслото, млекото, брашното и прашокот за печиво. Добро промешајте ја смесата и додајте ја кората од лимон. Повторно промешајте. Префрлете ја смесата во калап за куглоф и печете во загреана рерна на 170 степени околу 40тина минути. Оставете комплетно да се излади.

На пареа растопете ги чоколадото и млекото заедно , а потоа полејте врз колачот. Декорирајте со малини и гранчиња нане.

Добар апетит и забавно готвење!

За повеќе рецепти посетете ја официјалната ФБ страна на Давор, Dave’s Kitchen.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се возат во воз прилепчанец и Босанец. Му здосадило на Босанецот и му вели на прилепчанецот.
Окле си?
И прилепчанецов не одговара.
По некое време Босанецов пак:
Окле...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1356.- Англиската армија предводена од Црниот...
1551.- Роден е францускиот крал Анри III,...
1802.- Роден е унгарскиот револуционер Лајош...
1833.- Црногорскиот владика Петар II Петровиќ...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби