Dave’s Kitchen: Штрудла со ореви

Се прашувате што да подготвите благо оваа недела? Имаме одличен рецепт за Вас. Од една страна ќе вкусите супер вкусно ароматично тесто со путер, кое е богато и со незаменливиот вкус на ванила, а од друга страна филот е добитна комбинација од ореви и белки.

Потребни состојки:

За тестото:

  • 300 г. брашно
  • 100 мл. млеко
  • 1/4 коцка свеж квасец
  • 2 лажици шеќер
  • Прстофат сол
  • 2 жолчки
  • 100 гр. путер на собна температура
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • Жолчка за премачкување помешана со 1 лажичка млеко

За филот:

  • 200 гр. мелени ореви
  • 2 белки
  • Екстракт од ванила
  • 3 лажици шеќер
  • 1 пакетче ванилин шеќер

Начин на подготовка:

Од состојките за тесто замесете убаво тврдо тесто. Оставете го да стаса околу 1 час. За филот, белките изматете ги со шеќерот и екстрактот од ванила. Во него додадете ги мелените ореви.

Размесете го тестото и расукајте го во правоаголна кора. Премачкајте го филот низ цела површина и свиткајте го тестото во ролат. Премачкајте со жолчка. Печете на 180 степени околу 20-25 минути. На крајот посипете шеќер во прав.

Добар апетит и забавно готвење! За повеќе рецепти посетете ја официјалната ФБ страна на Давор, Dave’s Kitchen.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби