Dave’s Kitchen: Галет со праски

Денес е совршен ден за вкусен галет (пита) со праски. Праските наскоро ќе бидат најактуелното овошје на нашите пазари, па еве една идеја плус како да ги искористите.



Потребни состојки:

За крцкаво путер тесто:

  • 210 гр брашно
  • 180 гр студен путер
  • Прстофат сол
  • 3 пакетчиња ванилин шеќер
  • 2 лажици студена вода

За филот:

  • 4-5 големи праски пресечени на мали парчиња
  • 4 лажици џем од кајсии или праски
  • 2 лажици брашно
  • 1 лажичка цимет
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • 1 жолчка
  • 1 лажица млеко

Во сад промешајте ги заедно брашното, солта, ванилата и путерот. Убаво измешајте го путерот за да добиете конзистенција на песок. Додајте ладна вода и оформете тесто. Спакувајте го тестото во хартија за печење во форма на топка и оставете да се стегне во ладилник околу 20-30 минути.

За тоа време, во длабок сад ставете ги праските ванилата,циметот и брашното. Добро промешајте и оставете на страна.

Оформете округла кора од тестото и премачкајте со џемот од кајсии или праска, нанесете од пресечените праски во средишниот дел на кората и започнете да ги превиткувате краевите за да ја оформите питата т.е. галетот.

Премачкајте со жолчка и млеко и печете во загреана рерна на 180 степени околу 25-35 минути додека не добие убава златно кафена боја. Сервирајте со топка сладолед или лесно изматен шлаг.

Добар апетит и забавно готвење! За повеќе рецепти посетете ја официјалната ФБ страна на Давор, Dave’s Kitchen.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби