Евтини извори на протеин за забрзување на слабеењето

Кога станува збор за свежи производи, оние кои содржат високо-квалитетен протеин и здрави масти се и поскапи, особено доколку се работи за месо. Во прилог следат неколку одлични, а воедно и евтини извори на протеин кои можат значително да помогнат при слабеењето:

1) Јајца



Јајцата се богати со протеин а имаат малку калории (6 грама протеин/70 калории) и заситуваат. Кога се подготвени со малку или без воопшто масло за готвење или путер, тие се одличен избор на протеин доколку целта ви е да слабеете.

2) Црн грав

Половина шолја црн грав има 7.5 грама протеин, 7.5 грама влакна и само 112 калории. Покрај тоа, отпорниот скроб во нив го подобрува варењето на храната бидејќи ги храни добрите бактерии во стомакот.

3) Леблебија

Во половина шолја леблебија има 6 грама протеин и влакна, а 120 калории, а богата е и со манган (клучен за здравјето на коските) и фолати (клучни за формирање на црвени крвни клетки и продукција на енергија).

Доколку купувате конзервирана леблебија, течноста од конзервата може да се искористи за правење на мајонез без јајца, гранола, и како зацврснувач во разни сосови или десерти.

4) Леќа



Леќата содржи скроб и нерастворливи влакна, како и голема количина пребиотици – правејќи ја одлична за варењето. Таа е извор и на повеќе полифеноли поврзани со намалување на ризикот од дијабетес, канцери, и кардиоваскуларни заболувања.

5) Туна од конзерва

Една конзерва туна има 16 грама протеин, 70 калории (во зависност од маслото во неа) и е една од најздравите риби за јадење доколку целта е слабеење. Таа е малку масна, а е богата со омега-3 масни киселини, кои помагаат во спречувањето на срцевите заболувања, како и во намалувањето на крвниот притисок. Доколку сакате да го намалите внесот на натриум, исцедете ја туната.

6) Кикирики

Една дланка полна со кикирики (околу 28 парчиња) има 7 грама протеин, а тие содржат и разни други хранливи состојки меѓу кои бакарот (клучен за формирање на црвени крвни клетки, силина на коските и имунитетот) и манган (клучен за функцијата на мозокот и нервниот систем). Тие содржат и фитонутриент наречен ресвератол, моќен оксиданс кој игра улога во намалување на ризикот од кардиоваскуларни болести, канцери и Алцхајмеровата болест.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби