По успешниот почеток со коктелот од вишни, на YouTube каналот на Dave’s Kitchen оваа недела имаме можност да погледнеме рецепт за превкусни и мошне лесни лиснати тартови.

За овој рецепт ќе ви бидат потребни следните состојки:
- 250 гр лиснато тесто
- 2 млади кромидчиња
- 250 гр кисела павлака
- 1 лажичка оригано сол и мелен црн пипер
- 150 гр рендан кашкавал
- 1 јајце маслиново масло
- 2 грста свежа рукола
- 200 гр шери домати
- 70 гр горгонзола сирење
- 100 гр каламата маслинки
Начинот на подготовка погледнете го во прилог