Топ 10 овошја кои треба да се најдат во вашата исхрана

Редовното јадење на овошје го подобрува здравјето, меѓутоа не сите овошја се подеднакво корисни за нашето здравје. Некои од нив нудат уникатни здравствени придобивки како:

1) Праски и нектарини - богати со калиум



Две мали праски или нектарини содржат околу 250мг. од овој минерал кој го подобрува здравјето на нервите и мускулите. Покрај тоа, лушпата им е полна со антиоксиданси.

2) Ананас - моќно анти-инфламаторно дејство

Ананасот е богат со бромелаин, анти-инфламаторен ензим кој докажано го редуцира ризикот од срцев и мозочен удар.

3) Грозје - за подобро здравје на срцето

Грозјето има одличен ефект на крвните липиди, ја намалува инфламацијата и го редуцира крвниот притисок. Тоа е и одличен извор на калиум, кој покрај другото ги спречува мускулните грчеви. Само не го делете со вашето куче, бидејќи тоа е токсично за кучињата.

4) Киви - богато со витамини



Кивито е богато со витамин Ц, моќен антиоксиданс кој нè штити од канцер и го подобрува здравјето на очите. Кивито има многу малку калории, a богато е и со влакна, правејќи го идеално за оние кои се обидуваат да ослабат.

5) Манго - го подобрува имунитетот

Ова овошје е исклучително богато со бета-каротен, што телото го конвертира во витамин А кој го подобрува имунолошкиот систем и помага за одржување на здрав вид. Мангото е богато и со витамин Ц – само едно манго содржи повеќе од 50% од препорачаната дневна доза на овој витамин.

6) Јаболка - за здрав мозок и срце

Јаболката се полни со кверцетин, моќен антиоксиданс кој ги штити мозочните клетки од дегенерација, што може да доведе до Алцхајмерова болест, додека влакната кои ги содржи јаболкото се поврзани со подобрување на нивото на холестерол. Кожата им е богата со флавоноиди, кои го редуцираат ризикот од срцеви заболувања.

7) Калинки - мега доза антиоксиданси

Сокот од калинка е полн со антиоксиданси и калиум, а истражувањата покажуваат дека секојдневно пиење на сок од калинка го подобрува кардиоваскуларното здравје и ја намалува инфламацијата во организмот. Сепак, консултирајте се со доктор доколку редовно планирате да пиете ваков сок, бидејќи понекогаш тој може да има негативна интеракција со одредени лекови.

8) Грејпфрут - богат со витамин Ц



Само половина грејпфрут содржи скоро 50% од препорачаната дневна доза витамин Ц, како и високо ниво на влакна, калиум, и витамин А. Витаминот Ц од грејпфрутот исто така е вклучен во продукцијата на колаген, што значи дека ова овошје помага за заздравување на оштетена или масна коса и кожа.

9) Банани - богати со калиум и влакна

Бананите се одличен избор на овошје кое може да го носите со вас и да го јадете „од нога“. Полни се со калиум и влакна, а не содржат сол и масти.

10) Боровинки - суперхрана која го забавува стареењето

Боровинките се преполни со антиоксиданси и витамин Ц, како и со антоцијанин, пигмент кој го подобрува моќноста на мозокот. Една студија покажала дека луѓето кои јаделе најголеми количини од ова овошје имале помали шанси да развијат макуларна дегенерација, водечката причина за слепило кај постарите возрасни личности.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби