Храна која помага кога имате запек

Запекот, односно недостатокот на нормални движења на цревата, може да биде предизвикан од разни причини, а дел од нив ја вклучуваат и храната која ја јадеме.

Доколку причината за тоа не е некоја здравствена состојба, докторите препорачуваат јадење на храна која го стимулира дигестивниот систем. Таква храна е:

Сливи

Сувите сливи се познат „лек“ против запек, бидејќи се одличен извор на влакна. Тие исто така содржат и соединение сорбитол, кое помага за омекнување на столицата, што го олеснува нејзиниот проток низ дигестивниот систем.

Чиа семе

Ова семе е пребогато со влакна, а се препорачува да се додаде во смутија, овесна каша, или пак јогурт.

Мелено ленено семе

Доколку не го поднесувате вкусот или текстурата на чиата, наместо тоа може да се користи меленото ленено семе, кое покрај влакната е богато и со здрави омега-3 масни киселини.

Кафе



Кафето помага против запекот поради тоа што кофеинот ја зголемува гастроинтестиналната подвижност, односно контракциите во мускулите во стомакот.

 Грозје

Грозјето, освен влакна, има и многу вода – комбинација која е особено корисна во случај на запек.

 Смокви

Смоквите имаат голема концентрација на влакна, што значи дека не треба да се јадат во преголема количина. Тие содржат и ензим наречен фикаин, кој се смета дека помага при запек.

Спанаќ и темни лиснати зеленчуци

Ваквите зеленчуци содржат влакна и магнезиум, минерал кој е природен „релаксатор на мускули“.

 Слатки компири

Слатките компири имаат многу поголема концентрација на влакна во споредба со обичните, а таа е најголема во лушпата.

 Киви

Покрај влакната и течноста, кивито содржи и ензим актинидан, кој помага во дигестивниот процес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби