|
|
|
Dave’s Kitchen: Брза торта без печењеОваа сочна, кремава и мека торта се подготвува многу брзо и не бара печење. Подгответе ја за да ужива целото семејство.

Потребни состојки:
- 300 гр пишкоти
- 2 пудинга од ванила
- 1 пудинг од чоколадо
- 700 мл млеко
- 200 гр чоколадо за готвење
- 5 лажици мед или друг засладувач
- 1 шолја сварено јако еспресо или инстант кафе
- 4 кесички за шлаг изматени со 500 мл млеко
- 2 лажици капучино
- 2 лажици какао
Начин на подготовка:
Најпрво сварете ги пудинзите во зовриено млеко. Кога ќе добиете густа смеса додајте ги чоколадите за готвење и медот и добро промешајте додека не добиете хомогена смеса. Покријте со хартија за свежа храна и оставете комплетно да се излади.
Изматете го шлагот со млеко и капучино и од изматениот шлаг додајте 5 лажици во изладениот чоколаден пудинг. Изматете го пудингот и шлагот со миксер. Потопете ги пишкотите во сварено кафе и наредете еден дел во калап каде што ќе ја послужите тортата. Нанесете врз пишкотите од филот, потоа наредете пишкоти потопени во кафе, фил, повторно пишкоти и фил. Премачкајте ја целата торта со фил и оставете ја да се стегне во замрзнувач околу 30 минути. Покријте ја целата торта со преостанатиот шлаг и нарусете какао. Послужете ја веднаш или добро изладете ја до послужувањето.
Добар апетит и забавно готвење. За повеќе рецепти посетете ја официјалната ФБ страна на Давор, Dave’s Kitchen.
|
|
|
|
 |
|
 |
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
 |
Виц на денот |
|
Родителите на Игорче отишле надвор од градот за викендот па земале бебиситерка да го чува додека се вратат. Пред да си легне во кревет Игорче &иацуте; рекол бебиситерката: - Мене... |
|
|
 |
Состојба на патиштата |
|
Патниот правец Р2332 Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, затворен е за сообраќај за сите видови на возила од 15.11.2020 до 01.04.2021.
РАБОТИ НА ПАТ:
ДТГ ЖИКОЛ... |
|
|
 |
Верски календар |
|
|
|
 |
На денешен ден |
|
1821.- Прокламирана е независноста на Перу, со...
1871.- Франција капитилираше во војната со...
1878.- Во Њу Хевн, САД пуштена е во употреба...
1887.- Во Лоѓ, Полска, е роден Артур Рубинштајн,...
|
|
|
 |
Хороскоп |
|
|
 |
|