|
|
|
Dave`s Kitchen: Лиснати плетенки со сусам и сув зеленчукОвие лиснати плетенки се подготвуваат многу брзо бидејќи за нив ќе користите готово лиснато тесто. Истото може да го пронајдете во поголемите супер маркети замрзнато како лиснати плочки.

Потребни состојки:
- 500 гр лиснато тесто
- 2 лажици путер или маргарин
- 2-3 лажици мешан сув зеленчук
- 2-3 лажички сусам
- 1 јајце лесно изматено за премачкување
Начин на подготовка:
Одмрзнете го лиснатото тесто и расукајте го на набрашнета работна површина во голема правоаголна кора тенка 2-3 мм. Со помош на мини шпатула, лажица или ноже премачкајте го путерот или маргаринот низ целата кора со цел да ни залепи мешаниот сув зеленчук. Нарусете од мешаниот сув зеленчук и кората превиткајте ја на половина. Пресечете ленти надолу и превиткајте ги како спирала. Наредете ги во тавче со хартија за печење. Секоја од плетенките премачкајте ја со лесно изматено јајце и нарусете сусам и мешан сув зеленчук по желба. Печете во загреана рерна на 190 степени околу 20-тина минути. Послужете во декоративна чинија.
Добар апетит и забавно готвење! За повеќе рецепти посетете ја официјалната ФБ страна на Давор, Dave’s Kitchen.
|
|
|
|
 |
|
 |
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
 |
Виц на денот |
|
Светски научници се собрале да тестираат кој е најјак алкохолен пијалак. За експериментот зеле 3 глувчиња, на првото му дале текила, на второто вотка, а на третото ракија.... |
|
|
 |
Состојба на патиштата |
|
|
|
 |
Верски календар |
|
|
|
 |
На денешен ден |
|
1807.- Во Ница, е роден Џузепе Гарибалди,...
1826.- Умре Томас Џеферсон, трет претседател на...
1884.- Во знак на сеќавање на раѓањето на САД на...
1934.- Во Париз умре Марија Кири-Склодовска,...
|
|
|
 |
Хороскоп |
|
|
 |
|