Кафето помага во битката со вишокот килограми

Ново истражување покажува дека жените кои пијат четири или повеќе шолји кафе на ден имале во просек 4,1 отсто помалку телесни маснотии од жените кои не пијат кафе.



Група меѓународни истражувачи предводена од д-р Ли Смит од Универзитетот Англија Рускин во Кембриџ, ја испита врската меѓу употребата на кафе и телесната тежина кај жените и мажите. Научниот труд ги споредува податоците од Националниот центар за истражување на здравјето и исхраната на Центарот за контрола и спречување на болести во САД.

Резултатите покажале значителна пропорционалност меѓу пиењето повеќе кафе и намалената тежина.

– Кафето или неговите ефективни состојки би можеле да се вклопат во здравата стратегија за исхрана, за да се намали товарот на хронични заболувања поврзани со вишокот килограми, вели д-р Смит.

Конкретно, жените на возраст меѓу 20 и 44 години кои пиеле по две-три шолји кафе на ден, имале најниско забележано ниво на масно ткиво. Сепак, кај мажите овие параметри не се толку изразени. Кај мажите на возраст меѓу 20 и 44 години, кои пиеле по две или три шолји кафе на ден, масното ткиво е пониско за 1,3 отсто, а масните наслаги на стомакот се пониски за 1,8 проценти.

И Чао Као, научник од Универзитетот на Вашингтон, исто така смета дека луѓето треба да го додат кафето во нивното мени, но покрај другата здрава храна. Секако, според него, другите фактори, како шеќерот и разните додатоци во кафето, го намалуваат тој ефект. си



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби