Овошјето и чоколадото може да помогнат за понизок крвен притисок

Лошата диета е еден од клучните фактори за кардиоваскуларни болести. Поради тоа, од исклучително значење се истражувањата за врската меѓу исхраната и крвниот притисок.



Во еден таков научен труд на Универзитетот во Ридинг, Англија, стручните лица откриле врска меѓу поголемиот внос на флавонол и понискиот крвен притисок кај испитаниците. Во истражувањето објавено во „Scientific reports“ учествувувале повеќе од 25.000 луѓе. Резултатите посочуваат дека целокупното зголемување на нивото на флавонол може да помогне во намалување на крвниот притисок.

Флавонолите се природни соединенија кои се наоѓаат главно во овошјето и зеленчукот. Тие се една причина зошто храната – од црвеното вино до чоколадата – е поврзана со здравствени придобивки.

За време на ова истражување, исто така, е откриено дека клучната разлика меѓу учесниците со најголем наспроти најмал внос, е разликата меѓу два и четири милиметри жива (mmHg).

– Претходните истражувања врз поголеми групи, секогаш се потпирале на податоците што испитаниците ги кажале за себе, за да се извлечат заклучоци. Но, ова е прв труд што објективно ја истражува врската помеѓу одредено биоактивно соединение и здравјето, објасни проф. Гантер Канл, нутриционист, кој раководеше со испитувањата.

Добрата вест, според него, е тоа дека има многу други причини да се прибегне кон храна богата со флавонол, покрај тоа што помага во спречувањето висок крвен притисок.

– Бобинките се одлични за здравјето на цревата, јаболката се добар извор на влакна, а одредени чаеви може да помогнат при надуеност, главоболка…Поврзаноста којашто ја забележавме може да се припише на внесувањето на флавонол, тврди Канл.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби