Недостатокот на витамин К може да го забрза стареењето

Недостаток на витамин К во организмот и телото може да го забрза стареењето, предупредуваат нутриционистите. Имено, според рускиот диетолог, Ина Пичугина, во отсуство на овој витамин, кој се содржи во зелената храна, интерлевкинот во организмот се намалува, што предизвикува проблеми со имунитетот и стареењето се забрзува.



Витаминот К е од групата витамини растворливи во масти. Тој е неопходен за синтеза кај протеините и е вклучен во коагулацијата на крвта.

– Ако некаде има оштетување на крвните садови, се создава тромб и крварењето престанува, објасни Пичугина.

Овој витамин е неопходен за нормално функционирање на бубрезите, а исто така помага и во односот калциум – витамин Д, кој е важен за коскениот систем и сврзните ткива. Покрај тоа, тој е значаен и за развојот на коскената структура кај децата. Кај постарите лица штити од остеопороза.

Витаминот К може да се најде во спанаќот, зелената салата, зелката, како и во црниот дроб. Според научно истражување на стручњаци од Холандија и Белгија, недостаток на витамин К предизвикува компликации и може да биде фатален кај случаи со Ковид-19. Експертите откриле дека недостатокот на витамин К е еден од важните фактори што доведуваат до потешко оштетување на белите дробови.

Недостаток на витамин К води и до оштетување на крвните садови и тромбоза, што исто така, предизвикува тешки компликации и ненадејна смрт во случај со коронавирус.

Стручњаците препорачуваат јадење повеќе зелен зеленчук, масни сирења, млеко и путер за да се одржи потребната количина витамин К во телото.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
100 г.п.н.е.- Роден е Гај Јулие Цезар, римски...
1536. - Умре Ротердамски Еразмо, прочуен...
1784. Францускиот професор по физика С....
1884. - Во Ливорно е роден Амадео Модилјани,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби