Ф’стаците и бадемите може да ја намалат анксиозноста

Анксиозните нарушувања се доста чести во светот денес. Статистиката вели дека околу 18 отсто од населението секоја година страда од анкзиозност.



Но, иако тоа може да се лекува, помалку од 37 насто од луѓето не добиваат соодветен третман. Некои луѓе се противат на земање лекови – постојат многу причини зошто некој не би се чувствувал пријатно да зема антидепресив…Сепак, едно неодамнешно истражување покажа доста ветувачки резултати..

Написот вели дека супстанцијата бета-ситостерол, којашто се наоѓа во некои растителни јадења, како што се авокадо, ф’стаци, бадеми (и други јаткасти плодови), масло од репка, па дури и во некои житни култури делува смирувачки. Во серија експерименти, истражувачите откриле дека бета-ситостеролот може да произведе смирувачки ефект кај глувци и сам по себе, но и во комбинација со антидепресивот „Прозак“.

Занимливо е што заморчињата на коишто им била дадена само билната супстанција не доживеале никакви несакани ефекти што обично се поврзани со лекови против анксиозност, како што се зголемување на телесната тежина и замор.

Сепак, ова не значи дека јадењето храна што е природно богата со бета-ситостерол автоматски ќе резултира во намалена анксиозност. Наодите од ова истражувања не посочуваат дека хербалната супстанција ќе им овозможи на луѓето со анксиозни нарушувања целосно да се откажат од лековите.

„Еден од главните проблеми со постојните лекови против анксиозност е што произведуваат несакани ефекти, па ако бета-ситостеролот може да помогне во намалувањето на дозата на овие лекови, тоа може потенцијално да ги намали и несаканите ефекти“, објаснува д-р Николас Панајотис, еден од авторите на испитувањата.

Тоа не значи и дека може да добиете доволно бета-ситостерол само од храната. Панајотис додава дека треба, на пр. да се јаде авокадо дење и ноќе за да се добие вистинската доза – а поверојатно е да добиете проблеми со варењето отколку да ја ублажите анксиозноста.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби