Временскиот распоред на оброците е важен за здравјето

Иако има голем број препораки и мислења за тоа во кое време, што треба да се јаде, сепак не постои универзално правило за секого.



Прехранбената индустрија и различните диети можат да Ве натераат да верувате дека постои точно време од денот коешто е „најдобро“ или „најздраво“ за одредено јадење. Но, за повеќето од нас, времето од денот кога јадеме зависи од бројни други фактори, како што се работата, гладот, лековите што ги земаме, па дури и слободното време со нашето семејство, пријателите и соработниците.

Да се ​​придржувате до одредено време за оброк секој ден, е предизвик, а понекогаш дури е и невозможно. Сепак, ова не значи дека времето на оброк не е важно. Всушност, истражувањата покажуваат дека времето од денот кога јадеме и времето меѓу оброците може да има длабоки последици по нашето здравје.

Одржувањето приближно конзистентен распоред на оброци на дневно ниво е поврзано со губењето телесна тежина, зголемена енергија и намалена опасност од хронични заболувања.

Појадок

Ова е првиот оброк во денот. За некои, важно е да појадуваат во првите неколку часа од станувањето, додека други претпочитаат да појадуваат кога нивниот апетит. И едното и другото има свои предности.

Неколку истражувања покажаа дека прескокнувањето појадок може да влијае на квалитетот на исхрана, поточно, да доведе до внесување повеќе калории при ручекот и општо – помалку хранливи оброци преку цел ден. Покрај тоа, консумирањето повеќе калории за време на појадокот отколку подоцна во вечерните часови, може да има поголема корист во напорите за слабеење.

Ручек



Испитувањата покажуваат дека ручекот порано во текот на денот, може да им помогне на луѓето да изгубат тежина. Некои неодамнешни истражувања дури посочуваат дека раниот ручек може да придонесе и за поздрав микробиом – составот бактерии во човечкото црево и тело кои имаат благотворно влијание врз целокупното здравје.

Општо земено, одржувањето на поголемиот дел од внесот на калории во раните часови од денот со јадењето појадок и ручек порано, може да има придобивки за губење на тежината и посилно метаболичко здравје.

Вечера

И јадењето рано навечер, без калорични оброци непосредно пред спиење или во текот на ноќта, исто така може да го подобри Вашето здравје. Мелатонинот којшто се лачи ноќе, е еден од основните хормонални регулатори на спиењето, будењето, а со тоа и на метаболизмот.

Како што телото ослободува мелатонин, така се лачи и помалку инсулин, што ја инхибира неговата способност да ги преработува шеќерите како гликоза. Затоа, доцниот оброк е фактор на опасност од хронични заболувања.

Според стручњаците, кога се планираат оброците, треба да се имаат на ум три основни правила:

1.Јадете порано, кога тоа е можно.

2.Ограничете го Вашето дневно време за внесување оброк. – Одржувањето на целиот дневен внос на калории во рамка од 12 часа ја намалува опасноста – дигестијата да го наруши деноноќниот ритам на Вашето тело.

3.Утврдете време на јадење според будењето и спиењето. – Вашето тело може да не ги обработува оброците толку ефикасно доцна навечер или многу рано наутро.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Имал некој тип калибар 50cm па не можел да си најде жена. Му рекле лекот да го бара кај жабата, барајќи ја за жена.
- Жабо, жабо, ќе се омажиш за мене?
- Не.
И оп, му се смалил...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...
Верски календар
На денешен ден
48. п.н.е.- Римскиот војвода и државник Гнеј...
1066.- Норманскиот војвода Вилијам, иден...
1465 или 1466.- Роден е Ротердамски Еразмо...
1492.- На првото патување преку Атлантикот, во...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби