Мали тајни за добар и здрав појадок

Намирниците кои ги јадете како прв оброк во денот, треба многу внимателно да ги избирате. Некои производи може да предизвикаат зголемено лачење на желудочната киселина, па така може да предизвикаат тегоби, а долгорочно и гастритис.

На веќе оштетен желудник, тешко му е да ја преработи сировата, киселата, масната или слатката храна, топлите печива и шеќери.

За појадокот да ви биде поефикасен, внимавајте да не внесувате некои од следните намирници на празен желудник:

Квасецот и топлите производи од тесто предизвикуваат чувство на надуеност. Па токму затоа не се препорачуваат да се консумираат наутро.

Јогуртот содржи голем број на бактерии корисни за варењето, но на празен желудник поттикнува создавање на додатни киселини, а тоа може да го отежни барањето и да го надразне желудникот.

Кафето на празен желудник предизвикува создавање на дополнителни желудочни сокови. Ако наутро не јадете и пиете само кафе, ризикувате од нарушување на системот за варење. Па затоа, трудете се наутро со кафето да консумирате и некоја храна.

Цитрусите се комбинација од слатко и кисело, па може да го иритираат празниот желудник.

Шеќерот може да предизвика дисбаланс на инсулинот и шеќерот во крвта, бидејќи брзо се апсорбира во организмот. Поради тоа панкреасот почнува многу брзо да лачи инсулин, хормон кој ја разградува гликозата. По делувањето на инсулинот, нивото на шеќер во крвта наеднаш паѓа, па се чувствуваме уморно и безволно.

Сите овие намирници со друга храна делуваат мошне позитивно на нашето здравје. Нутриционистите препорачуваат многу поздрави варијанти за појадок:

  • каша од овес, просо или ориз со млеко, овошје и јаткасти плодови, богати со јаглехидрати, кои побавно се апсорбираат и го олеснуваат варењето на храната
  •  храна богата со белковини (јајца, месо, риба) која добро се апсорбира во организмот и даваат големо чувство на ситост
  • домашен леб од цели зрна без квасец, свежо сирење, кромид или салата со хумус или намаз од кикирики.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби