Покрај нивниот одличен вкус и мирис, кајсиите се еден од најбогатите природни извори на витамините А, Ц, Б комплекс, калиум и бета-каротен. Му помагаат на организмот во одбрана од бактериски инфекции, го обновуваат оштетеното ткиво, а во развојот ги зајакнуваат забите и коските и го подобруваат видот.

На здравјето на срцето особено поволен ефект има високата застапеност на бета-каротен и ликопен, кои го штитат ЛДЛ холестеролот од оксидација.
Витаминот А, кој е силен антиоксиданс, ги штити клетките и ткивата од оштетувања кои предизвикуваат слободни радикали, а исто така влијаат и на подобрување на видот.
Дегенеративниот ефект на слободните радикали или оксидативен стрес, може да води кон развој на катаракта или послаба снабденост на очите со крв, што предизвикува макуларна дегенерација. Со внес на витамин А, веројатноста за појава на катаракта се намалува за 40 проценти.
Кајсиите претставуваат и одличен извор на растителни влакна, кои поволно влијаат на дигестивниот тракт, што ги прави одлична превенција против констипација. Богати се со витаминот Б 17, кој ги уништува клетките на ракот и помага во превенција на неговата појава.
Против анемија
Заради изобилството на железо кое се наоѓа во нив, кајсиите ја зголемуваат количината на хемоглобин, па им се препорачуваат на анемичните луѓе.
Свежиот сок од кајсии се користи како лек за грозница и кожни болести – разладува и ја забрзува елиминацијата на отпадни материи од организмот. Кајсиите поволно делуваат на кожата, па затоа се одлични за оние кои патат од екцема или изгореници.