Храна што не е забранета при слабеење

Меѓу советите за диети, обично се наоѓаат намирници кои „мора да се избегнуваат“ при слабеењето. Но, сепак, има храна којашто, всушност, е полезна за повеќето луѓе и нивната тежина.

Важно е, пред сѐ, да се обрне внимание на количината што се јаде. Второ, овој вид храна треба да се консумира како дел од целокупната урамнотежена и здрава исхрана, која е само еден сегмент од процесот на слабеење, покрај физичката активност и квалитетниот сон. Следи список намирници што може да се јадат напоредно со редовно вежбање.

Тестенини



Точно е дека тестенините се рафинирани јаглехидрати и се препорачува да се ограничи внесот при обидите да се изгуби тежина. Според списанието „Eat This, Not That“ сепак, нутриционистите препорачуваат тестенини направени од гриз – којшто побавно се вари и на тој начин му дава ситост и стабилна енергија на телото, наместо покачување на шеќерот во крвта.

Истражувањата покажаа дека луѓето кои јадат тестенини пет пати седмично изгубиле речиси ист број килограми како оние кои јаделе тестенини трипати или помалку. Учесниците практикувале медитеранска исхрана, којашто вообичаено се смета за една од најздравите.

Нутриционистите наведуваат дека соодветната количина тестенини за возрасен е 85 грама. Соодветната количина за деца, пак, е потешко да се одреди, но се проценува на 50 грама за дете од пет до 10 години. Во тестенините, се додава храна што содржи здрави масти, на пр. маслинки, туна итн.

Чоколадо

Големите количини чоколадо и какао дефинитивно се штетни за телесната тежина. Испитувањата покажале дека темното чоколадо воопшто не предизвикува дебелеење и може да се јаде без грижa за овој проблем.

Јајца



Тие се природен извор на маснотии, па многумина мислат дека не се препорачуваат при слабеење. Сепак, благодарение на висококвалитетните протеини, човекот е сит до крајот на денот. Американското здружение за срце (АХА) препорачува да се јаде едно јајце на ден како дел од здравата исхрана.

Но, претерувањето со храна којашто често оди со јајцата – сланина и колбаси, не се препорачува во справувањето со тежината. Наместо тоа се препорачува зеленчук, наместо месо.

Забрзувањето на метаболизмот е, исто така, корисно за губењето тежина. Иако тоа – дали имате брз или бавен метаболизам зависи од гените, јадењето храна богата со протеини, како што се јајцата, го забрзува метаболизмот и согорува повеќе калории.

Протеините помагаат и во зачувување на мускулите и градат поголема мускулна маса. Зголемувањето на мускулите има директно влијание врз метаболизмот. Мускулите трошат повеќе енергија и согоруваат повеќе калории во мирување, така што – колку повеќе мускули имате, толку поделотворно телото ја согорува храната што се внесува во организмот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби