Печениот зеленчук може да биде одличен прилог за некои јадења или пак самостоен оброк. Но, освен сол и бибер може да се додаде уште по некој зачин или состојка за да биде многу повкусен.

Ви предлагаме 7 идеи за лесен, но мошне вкусен оброк од зеленчук:
1. Морков + мед + мајчина душица
Морковот е сладок зеленчук, па кога ќе го испечете со малку мед, магдонос и мајчина душица, ќе имате чувство дека јадете префинет десерт. За наjдобар резултат печете 40 минути на 190°С.
2. Тиква + мед + жалфија + рузмарин
Прелијте ги парчињата тиква со малку мед, додајте некој лист жалфија и гранчиња рузмарин, па печете во рерна од 30 до 45 минути на 200°С, додека тиквата не омекне.
3. Цвекло + оцет + мед + мајчина душица
Замотајте го цвеклото во алуминиумска фолија, па печете го околу 45 минути на 200° С. Одмотајте го, исчистете го и зачинете го со комбинација од оцет, мед и зачин.
4. Прокељ + лук + балсамико оцет + сланина
Помешајте ги прокељот и сланината со лук и оцет и печете околу 20-30 минути на 200° С или додека не добијат златно-жолта боја.
5. Брокула + масло од сусам + соја сос + кафеав шеќер + лук
Направете ја вкусна обичната брокула. Пронајдете инспирација за јадење во азиската кујна и прелијте со дресинг од споменатите зачини, па печете околу 15 минути на 200°С.
6. Компир + путер + сенф + кромид + лимон
Компирите премачкајте ги со путер и сенф, ставете мали парчиња кромид, па сe прелијте со лимонов сок. Печете го компирот во рерна околу 40 минути на 190°С.
7. Аспарагус + лук + лимон + пармезан
Печете го аспарагусот со лук и лимон околу 10 минути на 200° С. При послужување додадете го ситниот пармезан, кој може да го замените и со сирење.