Топ 5 диети за 2024-та година

Новата година означува нов почеток за многу луѓе. За многумина, ова опфаќа поставување на нови здравствени цели, како што се губење на тежината, практување на поздрава исхрана и започнување на нова рутина за вежбање.



Кога избирате режим на исхрана кој што планирате да го следите од суштинско значење е да се информирате како за придобивките, така и за недостатоците на секој тренд во исхраната. Во прилог следат неколку диети кои можете да ги изберете во зависност од вашите специфични барања.

1.Медитеранска диета



Медитеранската исхрана доби признанија како еден од најуспешните планови за исхрана.

Се фокусира на храна здрава за срцето која најчесто ја јадат луѓето во Медитеранот како растенија, мешунки, јаткасти плодови, пченица, овошје и зеленчук. Наместо да се фокусира на ограничување и елиминација, медитеранската исхрана се фокусира на поздрави алтернативи, како замена на путерот со поздраво маслиново масло и црвеното месо со риба и живина.

Бидејќи оваа диета повеќе се фокусира на целокупното здравје отколку на губење на тежината, таа не дава јасни упатства за големината на порциите, колку често да се јаде и други директиви често вклучени во слични режими. Поради ова, луѓето кои се надеваат дека оваа диета ќе функционира, треба долгорочно да се посветат на целосна промена на животниот стил за да ги видат резултатите.

2.Растителна исхрана

Како што сугерира името, исхраната базирана на растенија вклучува храна која потекнува од растенија, вклучувајќи овошје, зеленчук, јаткасти плодови и маслодајни семиња, цели зрна, житарки и мешунки. Оваа диета не вклучува храна од животинско потекло и преработени производи.

Ваквиот тип на исхрана има бројни здравствени придобивки кои вклучуваат намалување на ризикот од развој на срцеви заболувања, одредени видови на рак, дијабетес, губење на тежината и управување со тежината. Недостатокот на оваа диета е тоа што долгорочно може да доведе до недостаток на хранливи материи, особено оние поврзани со витамин Б12 и калциум. Покрај тоа, диетата базирана на растенија бара правилно планирање бидејќи храната од оваа категорија може да се расипува и треба да се купува само во ограничени количини.

Исто така, протеинот, суштинска хранлива материја потребна за здрав живот, се наоѓа само во нецелосни форми во повеќето растителни извори. Овие артикли мора да се комбинираат со правилните производи за да се направат целосни протеини.

3.Кето диета



Кето диетата се фокусира на конзумирање на слаба количина на јагленихидрати и нивна замена со масти, така што телото може да согорува повеќе масти за енергија. Се здоби со огромна популарност меѓу луѓето кои сакаат да изгубат тежина со согорување на маснотии. Кетогената диета треба добро да се испланира од квалификуван стручњак за да не предизвика никакви здравствени компликации додека ги постигнувате посакуваните резултати.

Еден од најзначајните недостатоци на кето диетата е тоа што не е одржлива, бидејќи има многу ограничувања. Строгоста на кетото може лесно да доведе до диета без други важни извори на исхрана, како цели зрна, овошје и зеленчук.

4.Палео диета

Палео или палеолитска исхрана се заснова на диетата која се следела за време на палеолитската ера. Вклучува овошје, зеленчук, посно месо, риба, јајца, јаткасти плодови и семиња, со исклучок на житарките, мешунките и млечните производи од земјоделството и сточарството.

Оваа диета е богата со протеини и влакна, умерена во масти (главно од незаситени масти), ниска со јагленихидрати (експлицитно ограничување на јагленихидрати со висок гликемиски индекс), натриум и рафинирани шеќери. Сепак, оваа диета може да предизвика недостаток на хранливи материи, особено калциум и витамин Д.

5.Повремен пост

Овој тип на диета се сведува на јадење во определено време. Периодот на постот за време на циклусот мора да биде 12-16 часа.

Една од најзначајните придобивки на овој режим е тоа што е полесно да се практикува бидејќи не мора постојано да ги следите своите калории. Тој е ефикасен кај луѓе кои сакаат да изгубат тежина и се борат со здравствени компликации како отпорност на инсулин, оксидативен стрес, воспаленија, па дури и срцеви заболувања.

Најважно е личноста која што го практикува повремениот пост да не се прејадува за време на периодот на јадење, а истовремено да јаде и здрави оброци за овој тип на диета да има позитивен ефект. Некои од негативностите кои може да се појават кај овој режим се летаргија, и главоболка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Шетаат две нули по пат и здогледу-
ваат една осмица.
-Види ја,сељанка,врзала каиш!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1818.- Францускиот научник Рене Лаенек во Париз,...
1874.- Умре Јонас Ангстрем, шведски физичар и...
1905.- Во Париз е роден Жан Пол Сартр, француски...
1935.- Во Париз (од 21 до 25 јуни) е одржан...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби