Сладолед од чоколадо и кафе: Рецепт кој ве остава без зборови

На многумина омилен замрзнат десерт кој неодоливо потсетува на топлото време и сонце секако е сладоледот. Сакате да го испробате новиот вкус на кафе и чоколадо и притоа да го развеселите вашето семејство и пријателите и да го направите сами овој здрав и вкусен рецепт. Доколку се решите да го направите тогаш нема да згрешите бидејќи се работи за сладолед во кој кафето и чоколадото меѓусебно се надополнуваат.

Потребни состојки:

- 8 жолчки од јајце

- 150 гр. кафеав шеќер

- 600 мл павлака

- 2 лажици инстант кафе

- 2 лажици коњак

- 150 гр. темно чоколадо (70 отсто какао)

- 1 лажица какао во прав (незасладено)

- Пластични калапи за сладолед (можете да искористите еден од литарските пластични садови во кои сте купиле некогаш сладолед)

Подготовка:

Во сад измиксајте жолчки додека смесата не стане поврзана.

Во тенџере ставете ја слатката павлака, додадете го кафето и загрејте го на лесен оган со мешање, додека не зоврие. Потоа полека ставете ги изматените жолчки со константно мешање.

Додадете коњак и продолжете да мешате додека не добиете густ крем како пудинг.

Стопете го чоколадото на пара и додадете какао во прав. Целосно стопеното чоколадо ставете го во кремот и добро измешајте додека сè не се поврзе и оставете го малку да се олади.

Истурете ја смесата во пластичен сад и оставете ја во замрзнувач 4 часа.

По 4 часа извадете го сладоледот од замрзнувачот и во блендер, полузамрзнат добро измиксајте го, вратете го во садот и оставете го уште 4 часа или преку ноќ во фрижидерот.

Совети:

- Не дозволувајте слатката павлака да зоврие бидејќи може смесата да се згрутне. Исто така пазете сладоледот додека го готвите да не ви загори. Доколку не сакате вкус на кафе, тогаш можете да го замените со лешници, ванила или кокос.

Сладоледот можете да го украсите со прелив од чоколадо и овошје.

Пријатен апетит.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Си бил некој лудак во лудница. Му текнало да и напише писмо на мајка му и и напишал:
- Мамо овде во лудницава ни е добро. Секој ден одиме на базен. Сите мои другари скокаат на...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1536.- Англискиот суд ја прогласи за виновна Ана...
1571.- Татарски освојуачи ја запалија Москва.
1767.- Џенова на Франција и го продаде островот...
1773.- Роден е австрискиот канцелар кнез...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби