Рецепт за најпопуларен сладолед од само три состојки

Кога станува збор за сладоледот како омилен десерт во лето ретко кога ни паѓа на памет сами да се впуштиме во авантура за домашна подготовка на ова ледено уживање.

На оваа идеја најчесто и пресудува фамата околу состојките кои ги сметаме за неопходни за миксање и подготовка. Кога ќе помислиме сами да си направиме сладолед веднаш сето тоа ни изгледа многу комплицирано, па поради тоа ние пронајдовме рецепт за кој се потребни само 3 состојки, а и нив во зависност од вкусот и расположението можете да ги менувате.

Состојки (за 4 топки):

  • 1 банана
  • Јагоди
  • Свежи листови нане

Подготовка

Бананата и свежите јагоди замрзнете ги, потоа извадете ги од замрзнувачот и оставете ги неколку минути надвор на собна температура, само колку да можете да ги миксате (но нека остане поголемиот дел замрзнат)

Потоа миксајте ги во блендер додека не добиете густа смеса. Ако е потребно, додајте лажица, две вода. Додадете ги листовите нане и повторно измиксајте.

Ставете ја смесата во сад, поклопете и вратете ја во замрзнувачот. Ладете додека не стане цврста, но и да можете да вадите топки со лажица (сладоледот можете на секои 15 минути да го промешате и да го вратите во фрижидерот).

Совети:

1. Количината на јагоди и листови нане ставете ја по сопствен вкус, по желба сладоледот можете да го заблажите, но знајте дека бананата му дава природна сладост.

2. Ако не го изедете целиот сладолед можете да го вратите во замзнувачот, само пред повторно послужување извадете го да омекне.

3. Основата на овој сладолед е бананата додека останатите состојки можете да ги додавате и да ги менувате. Можете да додадете и вкус, како чоколадо, можеби и карамел, шлаг, различно овошје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини...
Верски календар
На денешен ден
- Ден на социјалните работници на Македонија
- Ден на Военото воздухопловство и...
1190.- Германскиот цар Фридрих Први Барбароса се...
1610.- Првите холандски иселеници во Америка се...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби