Жените подобро прикриваат прељуба од мажите

Научници од Универзитетот на Западна Австралија тврдат дека жените може да откријат дали партнерот ги изневерил само ако го погледнат неговото лице, а мажите ја немаат таа способност.

Испитувањето објавено во списанието „Royal society open science“, опфатило 1.500 луѓе на кои им биле покажани фотографии од 189 луѓе од белата раса (101 маж и 88 жени), коишто претходно одговарале на прашањето – дали некогаш извршиле прељуба?



Резултатите покажуваат дека и мажите и жените точно „ги погодиле” прељубниците, но не и прељубничките.

Она што за научниците било неочекувано, е дека мажите ги откриле своите „соперници“, но жените им биле просто – енигма. Слични се резултатите и кај жените набљудувачки. Тоа довело до заклучок дека жените повешто го прикриваат неверството.

– Имајќи го предвид сè ова, и мажите и жените покажаа натпросечна точност за читање на лицата на мажите, но не и на жените. Прељубата навистина не може да се скрие од лицето на мажот, истакнуваат научниците.

Што ја тера една жена да се сомнева на неверство на партнерот?

Според истражувањето, тоа се сведува на „машката природа и карактер“. Но, научниците сметаат дека таа склоност не е најприсутна кај „најубавите мажи“.

– Изненадувачки е тоа дека иако оние позгодните мажи според оценките биле рангирани како најневерни, во реалноста тоа било така во многу помал број случаи, се истакнува во истражувањето. Сепак, научниците нагласуваат дека овие резултати не треба да се толкуваат така што буквално секогаш ќе се пресликуваат во секојдневието.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
100 г.п.н.е.- Роден е Гај Јулие Цезар, римски...
1536. - Умре Ротердамски Еразмо, прочуен...
1784. Францускиот професор по физика С....
1884. - Во Ливорно е роден Амадео Модилјани,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби