Dave’s Kitchen: Пролетна торта со јагоди

Сезоната на јагодите е на самиот праг, а ова е еден совршен рецепт за тоа како да ги искористите најдобро - торта со јагоди. Се подготвува многу лесно и во нејзиниот вкус ќе уживаат сите во семејството.



Потребни состојки:

За пандишпанот:

  • 100 гр брашно
  • 70 гр какао
  • 100 гр. шеќер
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 120 мл. млеко
  • 1 јајце
  • 2 лажици масло за јадење
  • 120 мл. вода
  • 1 пакетче ванилин шеќер

За мусот со јагоди:

  • 300 гр бело чоколадо
  • 15-тина Орео колачиња
  • 2 канчиња јагоди
  • 4 кесички шлаг пена
  • 600 мл млеко
  • 2 пакетчиња желатин растворени и растопени на пареа

За декорација:

  • Јагоди
  • Шеќер во прав
  • Џем од јагоди

Начин на подготовка:

Во длабок сад промешајте ги заедно брашното, шеќерот, какаото и прашокот за печиво. Промешајте и додајте ги млекото, маслото, водата, ванилата и јајцето. Промешајте и префрлете ја смесата во подмачкано округло тавче на механизам. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 25-30 минути или додека комплетно не се испече. Оставете да се излади и подгответе го мусот.

Ситно исечакјте ги јагодите и оставете ги на страна. Во сад изматете ги кесичките шлаг со млекото и додајте го растопеното бело чоколадо. Промешајте и додајте ги Орео колачињата, исечканите јагоди и растопениот желатин промешајте добро. Изладениот пандишпан премачкајте го со џем од јагоди и префрлете го мусот врз изладениот пандишпан во калапот во кој се печел. Оставете да се стегне околу 4 часа во ладилник, премачкајте по желба со џем од јагоди тенок слој и декорирајте со чоколадни форми (растопено чоколадо и со четка формирани на хартија за печење) свежи јагоди и шеќер во прав.

Добар апетит и забавно готвење! За повеќе рецепти посетете ја официјалната ФБ страна на Давор, Dave’s Kitchen.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби