Користете ја технологијата за добро и научете основни допири за самопреглед на дојка

Македонски Телеком како технолошки лидер се вклучува во кампањата #ПаузаЗаПреглед за подигнување на свеста за ракот на дојка.

За потребите на кампањата, Македонски Телеком како технолошки партнер и општествено одговорна компанија, подготви информативно-едукативен микросајт каде што на едноставен и креативен начин се прикажани трите најважни чекори за рано откривање на болеста кои треба да ги знае секоја жена.

Микросајтот www.pauzazapregled.mk е во функција веќе од денеска, 6 октомври, денот кога Скопје маршира во розово. До сајтот може да се пристапи единствено преку мобилен телефон, а директниот линк корисниците на Македонски Телеком ќе го добијат преку SMS порака.

Сајтот како дел од кампањата #ПаузаЗаПреглед ќе биде активен во текот на цел месец октомври, со што посетителите имаат можност на уникатен и практичен начин да се информираат и уште поважно да направат самопреглед на дојка, едноставно и брзо. Идејата произлезе од фактот дека во текот на еден ден корисниците го допираат мобилниот телефон повеќе од 3.000 пати, а за самопроверка потребни се само три прецизни допири.

Вклучувањето во кампањата #ПаузаЗаПреглед и креирањето на микросајтот се потврда дека современата технологија покрај бројните комуникациски придобивки, може и треба да се искористи за општо добро. Во случајот, технологијата дава пристап до информации и знаење коишто можат да спасат живот, како и потсетување за жените да одвојат време за себе, да се едуцираат, заштитат и водат повеќе грижа за сопственото здравје.

Покрај изработката на микросајтот, Македонски Телеком го поддржува и денешниот марш „Напред розoво-чекори против ракот на дојка“ којшто традиционално го организира здружението „Борка“. Со ова, компанијата дополнително е посветена за подигање на свеста за превенција и рано откривање на ракот на дојка.

Пристапете до сајтот и поддржете ја кампањата #ПаузаЗаПреглед иницирана од AVON, а технолошки поддржана од Македонски Телеком, со цел да ја користиме технологијата за добро!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби