Постојаното критикување во врската може да биде фатално по вашето здравје

Во секоја љубовна врска има добри и лоши денови. Понекогаш за мир во куќа ќе го премолчите она што сакате да го кажете, а друг пат ќе кажете, па дури и ќе се подналутите еден со друг. Сепак, кога ја критикувате другата половина треба да внимавате критиката да не ви премине во навика.

Според едно неодамнешно истражување, постојаното критикување и укажување на грешките на партнерот, може да доведе до неговата смрт. Истражувачите од колеџот Лафајет, од Пенсилванија открија дека постарите луѓе кои изјавиле дека често добиваат критики од партнерот или партнерката, имаат поголема шанса да починат во следните 5 години.

Тимот на професорот Јамелија Книгала анализирал податоци од 1.734 мажи и жени на возраст меѓу 50 и 85 години, од кои 90 проценти биле во брак. Останатите живееле заедно или биле во друг тип на интимна врска. На испитаниците им биле поставени неколку прашања, меѓу кои и прашањето колку често се чувстуваат критикувани од партнерот. Тие можеле да изберат помеѓу 3 одговори и тоа: „ретко или никогаш“, „понекогаш“ и „често”.

Оние кои посочиле дека биле критикувани„ често “имале 44% поголем ризик да бидат починати пет години подоцна, споредено со оние кои изјавиле дека биле критикувани„ понекогаш “ и оние што рекле дека биле критикувани „ретко или никогаш”.

-Критикувањето може да биде еден вид на хроничен инерперсонален стресор, кој како и секој друг стресор, може да има кумулативно и трајно негативно влијание не само врз здравјето и благосостојбата - туку и врз морталитетот, вели Книгала.

Таа објаснува дека постојаното критикување предизвикува долготраен ефект на стрес, а со тоа влијае мошне негативно врз здравјето на луѓето и го скратува нивниот животен век.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби