3 најчести типови на целулит и како да се справите со нив

Повеќето жени кои имаат проблем со целулитот, не знаат  како да се справат со него.

Во прилог ги објаснуваме трите најчести форми на целулит, како се манифестираат и што треба да направите за да се справите со нив.



Мек целулит

Изглед: Ваквиот тип на целулит е мек на допир и се забележува кога ќе ја стиснете кожата, но и кога лежите. Има желатинско-сунѓереста структура и ја менува местоположбата во зависност од движењето.

Локација: Најчесто се појавува во делови од телото каде што се насобираат маснотии, како горниот дел од рацете и нозете. Се шири со годините и недостатокот од физичка активност.

Третман: доколку личноста има и проблеми со тежината, се препорачува бавно намалување на килограмите во комбинација со протеинска исхрана. Ако килограмите не се проблем, тогаш решението е вежбање и зголемување на мускулната маса. Кога користите кремови против целулит убаво масирајте го местото со цел да ја зголемите циркулацијата. Кај ваков тип на целулит функционираат и третмани кои користат посилни вибрации.



Тврд целулит

Изглед: како што кажува самото име станува збор за цврст облик на целулит, кој повеќе се јавува кај младите жени. Од надвор изгледа како портокалова лушпа и е забележлив како во стоечка, така и во лежечка положба.

Локација: надворешната страна на бутините, околу долниот дел од грбот и внатрешноста на колената.

Третман: во случај на ваков целулит, колку побрзо се дејствува, толку подобро бидејќи има тенденција со текот на времето да се влошува. Пожелно е да се започне со нанесување на креми против целулит два пати дневно, па да се продолжи со поинтензивни третмани како мезотерапија.

Едематозен целулит

Изглед: овој тип на целулит се среќава најретко и во исто време е најтежок за отстранување. Се јавува како резултат на проблеми со лоша циркулација и задржување на течности. Во најголем број од случаите се јавува кај жени на возраст помеѓу 20 и 30 години.

Локација: Најмногу се манифестира на долниот дел од нозете, а помалку на бутините и колената. На допир има гумена текстура и може да боли.

Третман: со оглед на тоа што ваквата форма на целулит се добива поради намалена циркулација се препорачува пешачење, трчање и пливање. Кај овој вид на целулит помага и наизменично туширање со топла и ладна вода. Во однос на исхраната се препорачува избегнување на храна која предизвикува задржува на водата, како што се солта, брза храна и газираните сокови. Пожелно е да пиете зелен чај и редовно да ги масирате деловите кои се зафатени од целулит.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби