Со мали чекори до големи промени: Го донираме својот труд затоа што децата го заслужуваат тоа

Махатма Ганди вели „Биди промената што сакаш да ја видиш во светот“, а тимот на ентузијасти од компанијата „Royal Tree“ реши да ја стави оваа идеја на дело.

Деновиве на социјалните мрежи го забележавме повикот за една помалку необична, но мошне хумана акција. „Донирај го својот труд – вложи го во детска насмевка“ ги спојува работата, донацијата и желбата за подобро утре во една целина, а средствата од акцијата се наменети за Одделот за неонатологија при ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје.

„Royal Tree“ ги повикува сите хумани луѓе да се пријават на повикот за берачи -волонтери кои ќе го донираат својот труд во собирање на гоџи бобинки, а тие ќе дадат личен пример така што целиот износ кој што годинава го планирале за исплата на берачи, ќе го донираат во медицинска опрема која има за цел да ги подобри условите на лекување и третман на предвремено родените дечиња. Нешто повеќе за акцијата и за тоа што навистина се крие зад неа, ќе ни открие Христина Ѓурчиновка, инаку генерален директор на компанијата.

1.Од каде идејата за оваа акција и зошто токму донација на трудот?

-Идејата доаѓа од човекољубието. Од помислата на сите оние души кои во солзи воздивнуваат на секој апел за донација, а немаат доволно кредит да го направат повикот и да донираат. Затоа дојдовме до идеја дека секој може да се вложи себе си, својот труд.

2.Акцијата доаѓа во време на пандемија од Ковид 19. Дали се двоумевте околу тоа дали сега е вистинскиот миг за вакво нешто?

-Не постои по погодно време од ова. Тргнуваме од идеја дека капка по капка создава океан. Затоа и се одлучивме за настан каде секој поединец и секоја компанија, независно дали е макро или микро, може да даде онолку колку што е подготвена да даде без притоа да си нанесе штета по сопствениот развој и делување. Проблемите со кои се соочуваме треба да донесат сплотеност. Тоа е единствен начин проблемот да биде решен. Во било кое друго време овој потфат би го направиле нечујно и во потполна анонимност. Но, во оваа ситуација тоа е малку потешко и нема да биде доволно за постигнување на целта, подобри услови за нашите мали херои. Се разбира земајќи ја предвид целата ситуација со Ковид 19 ги преземавме сите неопходни мерки и строго се држиме до пропишаните протоколи за заштита.

3. Како да бидеме дел од акцијата „Донирај го својот труд – вложи го во детска насмевка“?

-Првото што ви е потребно е добра волја и желба за донација. Потоа едноставно да се пријавите како берач во порака на FB страната на Royal Tree или на телефонскиот број: 078 450 748. Ние ќе ви објасниме подетално како се одвива целиот процес на берењето. Бидејќи имотот на кој што се берат плодовите се наоѓа во с.Псача, општина Раковце, имаме организиран превоз до локацијата, така што нема потреба да се грижите за тоа како да дојдете до нас. Останува само да се пријавите.



4.Што е со сите оние кои сакаат да дадат свој придонес, но поради најразлични причини не се во можност да ви се придружат?

-Кога првично размислувавме за концептот на донирање на својот труд, задолжителното присуство беше услов за учество во оваа добротворна акција. Но, фактот дека сеуште имаме високи бројки на заболени од Ковид 19, не натера да не ги обесправиме оние кои не можат да дојдат. Не сакавме да им ја одземеме можноста за учество во битката за подобро, свесно и емпатично општество. Тука ги вбројуваме и хронично болните, родилките и сите останати кои се наши сограѓани и борци. Во тоа име „Royal Tree“ отвори жиро сметка каде што сите овие хумани луѓе ќе можат да донираат средства и да ја покажат својата љубов кон животот и подобро утре. Сметката е 270064054520247 (ХАЛКБАНК А.Д Скопје) и е со цел на дознака: Донирај за детска насмевка.

5.Избравте да донирате токму во Одделот за неонатологија бидејќи и самите имате син кој што е предвремено роден. Како се справивте со предизвикот кој ви го донесе животот?

-Уф...Неподготвено...Нашата приказна со нашиот второроден син си ја доживеавме баш како и сите други. Не бевме подготвени за можно предвремено раѓање. Ако ви зборувам за присебност во тие моменти, лага е! Ние бевме од оние родители, кои чувството на немоќ да му помогнете на своето дете, ги претвора во непријател број 1 на самите себе, а воедно и на тоа ваше дете кое одвај тежи 870 грама, ако не и помалку...Но, процесот низ кој поминувате е долг и макотрпен, па имате време да работите на себе за да можете да бидете добар родител на еден прематурец. Од оние кои ме познаваат честопати слушам восхит, во смисла дека како мајка многу добро го поднесов сето тоа, но вистината е дека не е баш така. Ни требаше многу време заедно да излеземе од тој инкубатор, кој сакале или не го создавате.

Благодарност до тимот на Неонатологија, ова е и начин да им се заблагодариме како семејство за се што сторија за нашиот син, кој денес е здраво момченце.

6. Кој е вашиот совет за сите оние родители кои во моментот поминуваат низ слично искуство?

-Би им препорачала верба во Бога, во здравствениот систем и во себе. Да се чуваат себе и своето психофизичко здравје бидејќи само така можат да бидат добри родители на едно вакво дете, кое има специфични потреби. Воедно им советувам на сите баби, дедовци, тетки, стрини, што помалку да заземаат улога на доктори и да останат на титулата во рамките на семејството. Да бидат тука за своите најблиски и да помогнат на единствениот погоден начин, така што ќе им дадат целосна поддршка на родителите и ќе ги одменат секогаш кога ќе можат. Да се има и да се расте предвремено родено дете е долг и макотрпен процес, во кој е потребно сплотување на целото семејство.



7. „Royal Tree“ се занимава со органско производство на гоџи бобинки, кои уште важат и за супер храна. Зошто се определивте токму за овие плодови?

-Јас и мојот сопруг потекнуваме од семејства со богата историја. Една од заедничките работи е и е земјоделието, поточно одгледувањето на култури кои имаат не само прехрамбено, туку и лековито својство. Гоџите се круна на таа листа на лековити билки. Потрагата по здравје за нашиот син не донесе токму пред неа, нејзиното величество гоџи бери. Во Македонија е доста застапена и тоа мошне не радува. Искрено не радува од причина што свеста за благотворната моќ на оваа бобинка е се поголема, а пазарот е тој кој треба да обездбеди нејзина достапност до секоја трпеза. „Royal Tree“ има за цел да направи многу по тоа прашање, но сега за сега, би се воздржала од детали.

8. Тешко ли е да се наберат плодовите на ова растение? Оние кои ќе се пријават на повикот за берачи најверојатно ќе сакаат да знаат што може да ги очекува.

-Не, воопшто не е тешко, но како и секое друго берење бара внимание. Кога ќе влезете во штосот, се е едноставно. Секој што ќе се пријави во улога на берач ќе добие јасни инструкции како да го направи тоа, а воедно и маска и ракавици кои се разбира се задолжителни.

9. За крај, која е вашата порака за сите читатели на Идивиди?

-Да преземат одговорност и да сфатат дека и малите чекори, може да водат до голема промена. Најлесно е да бидеме набљудувачи на состојбите, да критикуваме дека нешто не ни се допаѓа или дека не е добро. Но, она што навистина треба да го направиме е да се помрднеме од мртвата точка во која што самите сме се ставиле и да започнеме да дејствуваме. Вистината е дека сите ние на некој начин сме инволвирани во создавањето на подобар свет. Донирајте, помагајте, направете се што е во ваша моќ да ги придвижите нештата кон подобро. И не се обесхрабрувајте бидејќи околу вас постојат уште илјадници други луѓе кои мислат исто, но им е потребно некој да ги охрабри да го направат првиот чекор.

Н.В



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби