Списанието „Playgirl“ со нов концепт

Додека опстанокот на повеќето списанија виси поради корона-панндемијава, најавено е дека прославеното „Playgirl“ од 1970-тите, повторно ќе излегува, со нов концепт и ќе биде место за современи женски пораки и вредности.



Тоа повторно е замислено како катче на различности, со содржини наменети за жените, пред сѐ. Списанието ќе има само печатено издание под мотото „Ние преземаме оттука“.

Првичното списание беше замислено како еден вид спротивставување на „Playboy“.

– Сè што направија во „Playboy“, направија и со „Playgirl”. Тоа беше занимливо неколку години, потоа го продадоа и потоа тоа се претвори во геј-порносписание, изјави Скај Парот, главна уредничка на новиот „Playgirl“.

Таа натаму вели дека како феминистичко списание, тоа треба да има поинакви цели.

– Светот во којшто живееме е создаден од мажи и сè се врти околу машките вредности. Сакам да создадам списание кое ќе понуди поинакво гледиште – женско. На голите слики ќе им се пристапи од перспектива на ранливост. За мажите, голотијата значи секс, за жената значи – изложеност. Тоа е сосем друга перспектива, додава Парот.

Во време на пандемија, одговорните за списанието работат од дома, додека децата им се околу нив.

– Поентата не е дека жените треба да се однесуваат како мажи, туку – што можеме да му понудиме на светот, во смисла на женските принципи, вели Парот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби