Знаци дека сте во лоша и непродуктивна врска

Во здрава љубовна врска, партнерите се надополнуваат меѓу себе, за да бидат среќни. Сепак, од страв од осаменост, многумина честопати влегуваат во врска со погрешен партнер, со кого само си го губат времето. Стручњаците открија неколку знаци кои речиси сигурно посочуваат дека сте во лоша, (не)љубовна врска.



Не е лесно да се стави крај на една врска, особено ако се работи за повеќе години во прашање.Но, тоа е подобар избор отколку да се чувствувате осамено и несреќно во друштво на погрешна личност.

Ако не можете да верувате на некого, ниту пак, да се потпрете на него/неа, тогаш сте сигурни дека тоа не е вистинскиот човек. Несигурните и недоверливи луѓе се такви кога станува збор и за мали нешта, но и за крупни работи. Вистинскиот партнер ќе се потруди да ви олесни и нема да очекува од вас сами да се грижите за се.

Сличен е случајот и ако не се чувствувате како подобра, душевно побогата личност покрај него/ неа.

Ако пак, почесто размислувате за некој друг, тоа исто така може да значи дека не сте баш задоволни во постојната врска. Луѓето кои се среќни во нивната врска немаат потреба да размислуваат за некој друг или за тоа како би било подобро да живеат сами. Ако вашиот партнер постојано ве испрашува и проверува како воопшто да не ви верува, тоа не е добар знак. Ако постојано мора да ги оправдувате своите постапки, каде сте биле, со кого сте биле, тоа сигурно не е врската за вас.

И доколку се чувствувате како тој / таа да ве исклучил /-а од дневните активности, и општо земено, како да сте изолирани, вишок и како да не му / ѝ требате, тоа, повторно е прилично јасен знак дека нешто не е во ред.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби