Постелата лете треба да се пере еднаш до двапати седмично

Во лето, постелата треба почесто да се пере, особено чаршавите и навлаките за перници. Туширањето пред спиење може да помогне, но ако сакате навистина да ги намалите непријатните мириси, алергените и бактериите, најдобро е постелнината да се пере на секои три-четири дена.



Жешките летни месеци со себе носат неподнослива топлина и влага. Ова доведува до прекумерно потење дури и кога човекот спие. Општо земено, чаршавите и навлаките за перници треба да се перат најмалку еднаш неделно, препорачува стручњакот за токсини во животната средина, Тоња Харис.

– Постојат неколку причини зошто треба почесто да ја миете постелнината во текот на летото. Како прво, очигледно е дека повеќе се потиме, што може да доведе до појава на многу бактерии и непријатни мириси. Но, згора на тоа, алергените, како – полен можат да влезат во домот, така што почестото перење на постелата ќе помогне и во намалување на алергените што може да предизвикаат непријатни симптоми, додава таа.

Ако користите горен чаршав или тенко ќебе и тие треба да се перат.

– Ако се покривате со ќебе, тогаш може да го перете на секои 4-6 недели, а навлаката – на неколку дена, вели Харис.

Како и со сите други нешта, секогаш проверувајте ја етикетата со упатства за перење и одржување. На пример, памукот може да се измие во топла вода, додека другите материјали подобро се перат во поладна вода.

За длабоко чистење на душекот, Харис препорачува правосмукалка 2-3 пати годишно, од двете страни – заради отстранување на бактериите и алергените.

– Душекот може да го посипете и со тенок слој сода бикарбона, оставајќи го да стои така неколку часа пред да се помине со правосмукалка – така ќе се отстранат мирисите, вели таа.

И, конечно, последно и најважно нешто е туш пред спиење. Тоа, пред сѐ, ќе ги намали непријатните мириси – потта, маслата за тело и другите нешта насобрани преку денот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби